20.8 C
Скопје
20:27 - 29 април, 2024

Андоновиќ: Путин со политички маневри сака да остане на власт

Премиерот на Русија, Димитриј Медведев поднесе оставка и ја распушти владата само неколку часа откако претседателот Владимир Путин ги најави уставните измени кои би ја ослабеле моќта на неговиот наследник и дек од неговата власт би ја префрлиле на премиерот и во парламентот.
Владимир Путин ги најави уставните измени кои би ја ослабеле моќта на неговиот наследник и дек од неговата власт би ја префрлиле на премиерот и во парламентот.

Путин рече дека нема да бара промена на Уставот за да го укине ограничувањето од два последователни претседателски мандати за да си овозможи останување на власт и по 2024 година, но дека сепак ќе бара некои нови амандмани.

Путин предложи Државната дума да има овластување да го предложува премиерот, неговиот заменик и министрите, а претседателот да има правна обврска да ги именува предложените кандидати. Тој ги претстави своите предлог-измени како значајна промена на рускиот Устав и повика на одржување на прв национален референдум од 1993 година за да ги потврди.

Со еден потег кој го отвора патот за најголемиот политички земјотрес во Русија во последните десет години, Медведев отстапи заедно со целиот свој кабинет и додатно ги предизвика сомнежи дека претседателот на Русија нема намера да отстапи од власта по 2024 година.

Со тоа што ја делегираше претседателската моќ на парламентот, премиерот и Државниот совет, Путин речиси ги потврди долгогодишните шпекулации дека по истекувањето на вториот мандат сака да стане премиер или да го предводи реформираниот Државен совет.

Оставката на Медведев, што е пред одржувањето на предложениот референдум, му овозможува на Путин сам да го именува премиерот. А со тоа и потенцијално да сигнализира кого гледа како свој наследник, тогаш на веќе протоколарната функција на претседател.

Путин е на чело на Русија уште од 2000 година, што го прави најдолговечниот руски лидер уште од Јосиф Сталин. Прашањето што планира да прави по 2024 година кога му истекува последниот мандат дозволен во Уставот, веќе подолго време е најважното политичко прашање во земјата, а и пошироко.

Иако има уште четири години на располагање, Кремљ веќе долго време се подготвува за тој период и ги разгледува можните опции.

Минатата недела и српскиот претседател Вучиќ најави враќање на политичкиот живот во Собранието и Владата, односно поголема моќ на овие две институции преку намалување на цензусот од 5 на 3 проценти за следните избори

The post Андоновиќ: Путин со политички маневри сака да остане на власт appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....