19:51 - 23 февруари, 2026

(Видео) „Уапсени во Амстердам“: Марија Шерифовиќ објави видео што ги загрижи фановите

Познатата пејачка Марија Шерифовиќ се огласи од Амстердам, каде што отпатува со колешката и блиска пријателка Јована Пајиќ и неколку другарки. Ситуацијата што им се случила во градскиот превоз предизвика лавина реакции и насмевки кај нивните следбеници.

Марија на својот јутјуб-канал објави влог со провокативен наслов „Уапсени во Амстердам“, што веднаш ја заинтригира јавноста. Сепак, како што објасни, не станувало збор за вистинско апсење, туку за непријатност во трамвај.

За време на возењето, ги запрела контрола за билети.

– Секако дека нè фати контрола. Жената вели: „Билет, ве молам, госпоѓи, вратете се“. Ако немате да платите на врата, има жена што продава билети во трамвај. Плативме четири карти 10 евра за еден час, само за да не се бламираме. Многу ми беше непријатно да ме прозиваат во трамвај – раскажа Марија.

Пејачката неодамна објави и влог од Бали, во кој Јована Пајиќ ја наговорила да проба дурјан – овошје познато по интензивниот мирис. Видеото го најави со зборовите: „Го прекинувам секој контакт со Јована Пајиќ“.

– Ова е видео во кое Јована инсистираше да купиме овошје што се вика дурјан. Тоа е нешто толку одвратно – изјави Марија, подготвувајќи се да го проба.

Откако го отворија плодот, таа веднаш го затна носот, а Јована прва дегустираше. Убедена дека е вкусно, Марија сепак се охрабри да земе залак, но реакцијата беше бурна.

– Што е ова? Дали ова воопшто вреди? Немој да го допираш со раце, никогаш нема да ги измијат мирисите. Јао, мајко мила! – извика пејачката.

На крајот едвај се воздржа да не поврати, додека Јована се смееше на целата ситуација.

– Никогаш повеќе нема да се „играм“ со ова – порача Марија.

Слични објави

„Сите ја коментираат сличноста“: Еве што ги поврзува Теа Таировиќ и настапот на Бед Бани на Супербоул

Е.А.

Рада Манојловиќ откри: „Ми беше многу тешко да се откажам од таблетите“

E.A.

(Фото) Толку елегантна и убава! Данијела Димитровска објави нови фотографии од венчавката

Еспресо

Харис Џиновиќ се огласи по веста дека Мелина е свршена со богат Британец: Еве што рече…

Еспресо

(Видео) Инспектор Томе од „Преспав“ во досега невидено издание, ваков не го знаеме

msp-admin

(Фото) Каква убавица: Голема радост за ќерката на Сузана Турунџиева

msp-admin
Се вчитува....