21:58 - 22 ноември, 2026

„Пиев таблети за смирување“ Снежана Ѓуришиќ скршена за својот син кој беше брутално претепан

Марко Гвозденовиќ, синот на пејачката Снежана Ѓуришиќ, доживеа страшна тортура и злоупотреба пред шест дена во станот на познаник во Врачар. По оваа тешка ситуација, Снежана се појави бо јавноста и повторно најде сила да каже како се чувствува по сè што се случило.

Пејачката вели дека може да зборува за ситуацијата во која нејзиниот син е мачен само од мајчинска гледна точка.

– Само мајка може да одговори на тоа прашање. Тоа е мојот син, што и да е, тој е мој син. Многу сум тажна и разочарана што ова мораше да му се случи. Сега е добро, сè друго го прават обвинителството и МУП. Отсекогаш сум била против насилството, никој нема право да загрозува никого тепајќи го – рекла Снежана.

По оваа ситуација, Снежана продолжила со својата работа и не одбила ниту гостувања, па за „Гранд“ рекла дека има волја и сила за работа по сè.

– Пиев неколку таблети, тоа го викам „лудомил“, но животот продолжува, фала му на Бога што е жив и сè ќе биде во ред. Бог е голем – рекла Снежана.

Патем, Снежана неодамна одржа прес-конференција на која детално зборуваше за тоа што се случи со нејзиниот наследник.

Слични објави

Мина Костиќ ќе се мажи! Пејачката го откри точниот датум кога ќе се венча со Каспер

Еспресо

(Фото) Неда Украден го прослави Свети Архангел Михаил: Пејачката се дотерала, а на свечената маса се погрижила за секој детаљ

Еспресо

(Фото) Ја раскопчал кошулата и ја залижал косата! Синот на Харис Џиновиќ со новиот изглед го привлече вниманието на девојките

Еспресо

Полната Месечина на 24 ноември носи големи пресврти — четири хороскопски знаци ги очекуваат судбински одлуки

К.С.

(Видео) Јована Јеремиќ повторно шокира, направи стој на раце среде студио и покажа повеќе одошто требаше

Еспресо

„Сè уште сум преплашена“: Српската пејачка била во авионот на „Ер Србија“ кој беше погоден од гром

Еспресо
Се вчитува....