18:29 - 27 ноември, 2026

(Фото) Азис покажа како изгледа со силиконските гради: „Со тек на време убаво ќе ми легнат“

Бугарската музичка ѕвезда Азис вгради силиконски импланти во градите, а првите резултати од естетската интервенција ги сподели на својот инстаграм-профил.

Пејачот објави фотографии без маица, на кои се гледа како поминала операцијата. Од страните на трупот сè уште се забележуваат конците и дреновите по хируршката интервенција.

Фото: Инстаграм/Азис

„Лекарите ми го остварија сонот“, напиша Азис, појаснувајќи дека станува збор за машки силиконски импланти.

 

– Уште еднаш им благодарам на докторите што ми го остварија сонот! Ми вградија машки, нагласувам, машки силиконски импланти во градите. Вкупно 600 кубици – по 300 на секоја страна. Ќе имам убаво изразени, спортски гради. Во почетокот ќе бидат малку поголеми од вообичаеното, но со тек на време ќе се намалат и убаво ќе „легнат“ – објасни пејачот.

Тој додаде дека престојот во клиниката бил пријатен и дека се чувствувал како дома, нагласувајќи дека целото искуство поминало во најдобар ред.

Слични објави

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.
Се вчитува....