22:41 - 21 ноември, 2026

„Лукас нека не се гржи, никој нема да го убие“: Жељко Шашиќ искрено за случувањата на естрадата

Жељко Шашиќ во емисијата „Старј Специјал“ по подолго време ја отвори душата и зборуваше за себе, својот живот, а коментираше и актуелни теми на естрадата. По долга пауза, пејачот конечно се врати во студио.

„Ова е мој терен. Најдраг дел од мојата професија е кога нешто се крчка, кога нешто се подобрува и музички се доработува“, изјавил тој.

Пред Нова година собра добар број песни и започнува реализацијата на новиот албум. За тоа дали јавноста ќе биде задоволна од новиот материјал, Шашиќ изјавил:

„Мислам дека сум во добра форма. Гласот ме служи, здрав сум. Најважно ми е што сум бил заинтересиран и добив момент што долго го немав – нови песни и повторно се замислив во студиото.“

Новиот албум ќе содржи 12 до 15 песни, и тој не се грижи како ќе се вика.

Шашиќ вели дека внимателно дозира појавувањето во медиумите:

„Сите овие години работев формати и шоу-програми кои ми беа предизвик, каде можев да одговорам во својот полн капацитет, а избегнував формати кои не ми одговараат – трач верзии и тие жолти приказни“.

Тој додава дека го цени јавното признание.

Денешната музика и младите артисти

За денешната музика, Шашиќ вели:

„Има нешто што вреди. Се омасови, но јас потекнувам од времето на Марина Туцаковиќ и Браја, кога беа во полна сила. Тогаш не знаевме дека ќе биде добро, а денес верувам дека текстот има тежина и ќе трае“.

Животните лекции и емотивниот живот

Шашиќ вели дека во неговите години љубовта е искуствена:

„Сега физичкиот изглед не е приоритет, важна е личноста со која ќе бидеш компатибилен. Убаво е да имаш со кого да поминеш време“.

Релевантни случувања и колеги

Шашиќ коментираше и за Даниел Кајмакоски и Здравко Чолиќ:

„Со Даниел не сум се видел неколку години. Тој е неверојатно талентиран. За Здравко бев шокиран, но тоа не е за новини“.

А на муабетите дека Лукас изјавил неодамна дека се обиделе да го убијат, тој одговорил:

„Ги следев вестите, се појавуваше насекаде. Не знам точно што се случило. Некои се закачиле за неговиот настап. Никој нема да му направи ништо. Јас знам и немојте да се грижите. Ете, кратко“.

Слични објави

Дара Бубамара за непријатноста на германската царина и односот кон соработниците: „Кога имам јас, имаат сите“

Е.А.

(Фото) Погача, жито, свеќа… Уна Чолиќ покажа како го слават Архангел Михаил во нивниот дом

Еспресо

(Видео) Џејла Рамовиќ никогаш попровокативна: Мини фустанот и белите чорапи до бутовите ја истакнаа нејзината фигура

Еспресо

(Фото) Нивес Целзиус ги засука ракавите и ја уреди својата оаза во природа, погледнете го нејзиното ново катче

Т.Ц.

(Фото) Саша Ковачевиќ ѝ остави јавна порака на поранешната на Инстаграм! Фаталната русокоса го прослави 33. роденден, а еве што ѝ напиша

Еспресо

Некому нова љубов, некому напредок на работа — кој е најсреќниот месец за вашиот знак во 2027 година?

К.С.
Се вчитува....