3.8 C
Скопје
14:07 - 25 декември, 2024

УНИКАТЕН МУЗИЧКИ ВРЕМЕПЛОВ: „Ван Гог“ го промовираше спотот за песната „Емотивно миниран“ (ФОТО + ВИДЕО)

По успешната промоција на последниот студиски албум и истоимената книга под назив „Море без обала“, српската рок група „Ван Гог“, може да се пофали и со мошне успешна летна и есенска турнеја, каде беа испеани најновите песни пред балканската публика.

„Ван Гог“ успешната промоција на новиот албум сега ја заокружува и со четврти по ред спот за песна од актуелниот албум, а овојпат свое видео си доби нумерата „Емотивно миниран“, која веќе со месеци се наоѓа на самиот врв на домашните топ листи.

Нјановиот спот претставува несекојдневно музичко патување и слободно може да се карактеризира како еден уникатен музички времеплов.

Интересно е тоа што спотот е направен во едно необично сценарио за денешно време, а во стилот на каубојските филмови од Дивиот Запад.

Спотот со својата музика, динамика, звучни ефекти и автентичните костими од тоа време, не воведува во приказната во која главниот лик, Валканиот Шериф (Ѓуле), откако не може да се избори со љубовните духови за мир на сопствената душа, дозволува поразот да го совлада, па својот љубовен неуспех го претвора во освета и потрага по Дивата река (Бојана Ординачев).

Во потрагата по Дивата река, на Валканиот шериф му помагаат и останатите членови од бендот на Ѓуле: Ладниот бармен (Србо), Кобниот богаташ (Цвика), Лошиот шериф (Стика), со што започнува немилосрдна акција на грабеж во воз.

– Признавам, на смимањето си игравме како деца, уживавме во улогите кои ни беа доделени. Бевме каубои, а основната идеја беше да побегнеме од клишето, да излеземе до временските рамки, за само на момент да ја промениме сликата за денешницата и да се препуштиме на убавините кои ги нуди патувањето низ времето – раскажува фронтменот на бендот Ѕвонимир Ѓукиќ Ѓуле, кој се појавува во спотот во улогата на Валканиот шериф.

За спотот да биде уште поавтентичен, на членовите на групата „Ван Гог“ им помага и актерката Бојана Ординачев, за која е распишана потерница во спотот.

– Морам да признаам дека никогаш не сакав да се појавувам во спотови, сѐ додека Ѓуле не ми јакажа својата идеја. Музиката, приказната, како и самиот креативен процес, претставуваше вистинска авантура и тоа со бендот од моето детство. Сметам дека најдобрата дефиниција за мојот карактер и темперамент е токму моето име во спотот, а се викам ДИВА РЕКА! – вели Бојана за медиумите, споделувајќи ги своите емоции за најновиот спот во кој таа се појавува.

Покрај главните актери, во спотот се појавува и Јована Петровиќ во улога на Дива река од детството, како и Андреј Чантриќ, во улога на шериф од детството.

Спотот е снимен во ноември, на локалитет кој претставува единствена вестерн атракција – во градот „El Paso City“ на Златибор.

По претставувањето на новиот спот, групата „Ван Гог“ ја продолжува својата турнеја со настапите на 28 декември во Тиват, на 31 декември во Тузла и на 1 јануари во Златибор.

Слични објави

(Фото) Уживаат во љубовта: Горан Алачки и Марина Дојчиновска на одмор на Малдивите

apostolova

(Видео) Весело на слава кај Миа Костова: Ги собра најблиските во винарија за Св. Никола!

apostolova

Хороскоп за 3 декември: На Рибите и Овните паметот ќе им го мати некој од минатото

Еспресо

Хороскоп за 1 декември: Девиците ќе добијат неочекувана порака од некој што им се допаѓа

Еспресо

Старлетата Ава Карабатиќ најави: Ќе се кандидирам за претседателка на Хрватска!

Еспресо

„Добивав страшен ќотек!“: Милица Дабовиќ проговори за семејното насилство и односот со татко ѝ

Еспресо
Се вчитува....