5.8 C
Скопје
01:32 - 26 април, 2024

УМЕТНОСТ ВО КУЈНА: Киксови поради кои колачите не ви успеваат

Проблемот кој бројните почетници во кујната ги доведува до откажување во подготовката на колачите е нивниот лош исход. Имено, често се случува иако рецептот го следите во целост од чекор во чекор, по печењето резултатот да не е задоволителен туку, всушност, да биде потполна катастрофа.

Ви ги откриваме најчестите грешки поради кои вашите колачи не успеваат.

Наместо прашок за пециво користите сода бикарбона и обратно

Прашокот за пециво е направен од сода бикарбона, но нивната структура и текстура е сосема различна, како и дејството што го имаат во поедини рецепти. Сода бикарбоната реагира и произведува јаглерод диоксид само кога е помешната со кисели состојки како чоколада, јогурт, кисело млеко или оцет. Прашокот за пециво пак произведува јаглерод диоксид кога се помешува со вода. Ако содата ја користите самоволно наместо прашок за пециво, правите грешка поради која тестото нема да ви успее.

Избегнувате просејување на сувите состојки

Во бројни рецепти е назначено дека сувите состојки треба да се просејуваат пред додавањето во смесата, но многу домаќинки го прескокнуваат тоа. Овој чекор е важен бидејќи со просејувањето ги отстрануваме можните грутки во тестото, додека просејувањето на прашокот за пециво осигурува дека на површината на колачот нема да се создадат дупчиња.

Ја отворате вратата на рерната за време на печењето

Со отворањето на вратата на рерната доаѓа до пуштање на топлината надвор, а тоа предизвикува пропаст на колачот. Тоа се случува бидејќи смесата во средината останува свежа и потребно и е точно назначено време целата да се претвори во саканата текстура, со пуштањето топлина доаѓа до ослободување топол воздух од смесата и таа паѓа. Ова правило посебно се однесува на колачите и бисквитите без брашно.

Премногу долго го мешате тестото

Во последно време сè повеќе се користат автоматски миксери чии пак опции треба да ги совладате пред да се впуштите во нивното користење. Имено, премногу силно промешаното тесто ќе создаде меурчиња од воздух, кое по печењето само ќе се спласне. Правило е дека шеќерот и маргаринот трпат силно мешање со миксер, додека другите состојки треба да се измешаат рачно.

profimedia

Заборавате да го протресете калапот со тестото

Посебно назначено во речиси секој рецепт е тестото откако ќе го излеете во калапот да го потресете. Многу домаќинки го избегнуваат тоа, а за последица добиваат површина од колачот која е грутчеста. Овој совет е вреден бидејќи со тресењето на тестото, посебно на она кое е дебело и лепливо, ги елиминирате меурчињата од воздух, а тоа спречува колачот да спласне и да остане со дупка во средината.

Белките нагло ги додавате во смесата што ја мешате со миксер

Грешката која многумина ја прават во настојувањето што побрзо да завршат со приготвувањето на колачот е наглото додавање на изматените белки во смесата. Имено, на овој начин белките стануваат воденести, ја губат пенастата структура поради што тестото по печењето во средината останува влажно и свежо. Белките треба во смесата да се додаваат со лажица малку по малку на самиот почеток и потоа нежно да се измеша остатокот. Белките никогаш не ги додавајте во смесата нагло и мешајќи ги со миксерот, бидејќи на овој начин стануваат течни и предизвикуваат згмечено тесто.

Премногу долго ги оставате жолчките и шеќерот без мешање

Бројните рецепти, посебно за тортите, започнуваат со првиот чекор на миксирање на жолчките со шеќерот, но сосема лесниот потфат веќе на почетокот може да предизвика лоша текстура на бисквитите. Имено, шеќерот се врзува за жолчките и се создаваат кристали кои е тешко да се измиксираат и да се претворат во мазна текстура, освен тоа сите наредни состојки тешко се врзуваат во хомогена смеса.

Слични објави

(Фото) Ѕвезда до ѕвезда: Викторија Бекам објави нови фотографии од нејзината роденденска забава

еспресо

(Фото) Поради неа ја оставил мисицата: Починатата водителка Бојана има сестра близначка како јајце слична на неа

еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ позираше во вежбална: Водителката ја покажа долната облека

Еспресо

„Жал ми е за секој развод, некогаш е неизбежен“: Мелина експресно раскрсти со Харис Џиновиќ

Еспресо

Тронот на Монако може да го преземе сестрата на принцот Алберт: Неговиот татко се сомневаше во него! 

еспресо

Шокантни детали за Шарлин и Алберт од Монако: Таа троши како луда, а тој ги плаќа и љубовниците

еспресо
Се вчитува....