5.8 C
Скопје
00:42 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Врнежите од дожд ќе преминат во снег, проверете кога

– Под влијание на влажен и СТУДЕН воздушен бран денес времето во Македонија ќе биде облачно и СТУДЕНО со врнежи од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините. Врнежите од дожд ќе преминат во снег и на некои пониски места. До утре наутро на повеќе места ќе се формира нова снежна покривка, и тоа во западните и во југозападните предели локално со висина од над 20 цм, додека на планинските места локално со висина и од над 30 цм. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен и од североисточен правец. Максималните температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени-вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и СТУДЕНО со врнежи од дожд, додека на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Повремено услови за врнежи од дожд и од снег ќе има и во делови од Скопската котлина. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени. Потоа услови за локални но послаби врнежи од снег ќе има и во првите денови од новата недела која што ни претстои, додека од средината на истата ќе имаме постабилно и релативно суво време. Сепак студеното време ќе се задржи и понатаму и минималните температури ќ бидат ниски и на некои места ќе се спуштат дури до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени во најтоплите предели од државава.

Слични објави

(Видео) Едноставна техника за фарбање јајца која дава волшебен резултат

Еспресо

(Фото) Се огласи Кели Озборн откако ја раскинa веридбата, објави фотографија на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) „Љубов моја, воину на светлината“: Јована Јеремиќ јавно му се обрати на Тигар, сè „пука“ од емоции

Еспресо

Хороскоп за 20 март: Девици, изнанедете ја саканата личност со романтична вечера

Еспресо

(Фото+видео) Како во Холивуд: Маја Шупут приреди спектакл за петтиот роденден на својот син

Еспресо

Тејана Тејлор во центар на скандал на Оскарите: Камерите ја фатија како вика по маж во ходникот

apostolova
Се вчитува....