18:02 - 7 ноември, 2026

„Си барав причина за да пијам, одев во екстреми“: Таско за проблемот со алкохолот

Пејачот Таско се отвори за својата зависност од алкохолот и рече дека одел во екстреми и самиот си барал причина да пие.

„За тие што пијат, ако мислат дека им претставува проблем, во првиот момент кога ќе им дојде мислата дека ‘можеби ова ми претставува проблем’, тоа веќе претставува проблем. Да бидат свесни за тоа и прифаќањето на тоа – ‘чекај, јас имам проблем моментално, како да се справам со ова’ – е првиот чекор кон справување со таа работа“, рече пејачот во емисијата „Магазин“ на ТВ „Сител“.

​„Јас сум човек којшто оди во екстреми. Значи, целиот живот сè што правам – и доброто го правам до максимум, и лошото сум го правел до максимум. Забележав дека ми пречи кога веќе почнав да барам повод. Значи, не мора да има некоја причина за јас да пијам, туку јас ја создавам причината за да се напијам, да можам да пијам алкохол“, додаде Таско, а потоа рече дека престанал да пие поради децата.

„Сфатив дека тука веќе почнувам да ја губам контролата врз тоа колку пијам и дека треба да се отрезнам првично поради тоа што имам син и ќерка. Синоттреба да види каков маж треба да биде, ќерка ми треба да види каков маж треба да земе во животот. И најмногу тоа ми беше она освестувачко искуство и отрезнување“, рече Таско.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....