13:27 - 7 ноември, 2026

Северина во провокативен фустан, се најде во центарот на вниманието на роденденска забава во Сплит

Во еден ресторан во Сплит, во четврток вечерта се славеше роденденот на фотографката Соња Дворник, а забавата брзо се претвори во вистински спектакл.

Атмосферата била на врвот – се пеело, се играло, а во еден момент гостите дури и се качиле на масите. Во центарот на случувањата била Северина Вучковиќ, која зела микрофон и запеала, дополнително разгорувајќи ја енергијата.

Но, покрај музиката, големо внимание привлече и нејзиниот стајлинг. Пејачката избрала долга црна креација што ја следи линијата на телото, со впечатлив крој кој го открива стомакот и ја нагласува фигурата. Горниот дел го истакнал деколтето и рамената, додека долниот паѓал елегантно, создавајќи комбинација на гламур и препознатлив сексапил.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Пријателството меѓу Северина и Дворник трае со години, а двете често јавно си изразуваат поддршка. Токму Дворник стои зад дел од најпознатите фотографии на пејачката, но нивниот однос одамна ја надминал професионалната соработка.

„Денес е посебен ден затоа што се роди таа која е испратена на овој свет да го разубави. Мојот живот е поубав откако те познавам, amore мој“, напиша Северина во една од претходните честитки, на што Дворник возврати со порака на благодарност за љубовта.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....