По низата разорни земјотреси кои ја погодија Албанија, многу луѓе покажаа и покажуваат солидарност. Имавме прилика да читаме за многу трагедии во кои животите ги загубија преку 50 луѓе.
Меѓу првите кои покажаа солидарност се пејачките Дуа Липа (24) и Рита Ора (29).
Рита Ора веднаш отпатувала во Албанија, каде на едно семејство ќе им помогне да ја обноват куќата.
– Предлагам оние кои можат да најдат некое семејство, хуманитарна организација или некој друг начин да им се помогне во обнова на куќите. Првото семејство кое го избрав е семејството Сала – открила пејачката.
– Скршена сум од вестите од Албанија. Моето срце и молитвите се со Албанците. Ви ја праќам цела моја љубов во овие тешки моменти – напишала Дуа Липа.
Липа навела дека ќе работи со албански модни дизајнери на проекти, а приходот од тоа ќе биде наменет за жртвите од земјотресот.