18:18 - 8 ноември, 2026

НЕНАДЕЈНО ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ РЕЖИСЕР: Ги остави семејството и пријателите во шок, имаше само 58 години, а го знаете по овие достигнувања

Познатиот канадски режисер и сценарист Жан Марк Веле ненадејно почина во неделата на 58-годишна возраст, јавуваат светските медиуми.

Неговото прерано заминување ги оставило во шок неговото семејство и пријателите, а причината за смртта сè уште не е позната.

Вале починал во својот дом во близина на Квебек.

Беше познат по својот натуралистички пристап кон снимањето филмови, а во изминатата деценија работеше со познати актери како Рис Витерспун, Никол Кидман, Ејми Адамас, Џејк Гиленхал.

Тој го режираше филмот „Млада Викторија“ во 2009 година,во кој играше со Емили Блант, и стана барано име во Холивуд кога филмот “Деловниот клуб Далас” (Dallas Bajers Club), со Метју Меконахи и Џеред Лето во главните улоги, доби шест номинации за Оскар, вклучително и за најдобар филм.

Често снимаше со природна светлина и камери во рака и им даваше слобода на актерите да го импровизираат текстот.

Тој го сними филмот “Дивина” „Wild“ во 2014 година со Рис Витерспун и повторно се обедини со неа кога ја режираше првата сезона на хит серијата на HBO од 2017 година „ Невини лаги“ (Big Little Lies)

Тој повторно работеше со Ејми Адамс во 2018 година во серијата „Остри предмети“ (Sharp Objects) исто така за HBO. За двете серии ја доби наградата на здружението  на режисери на Америка  (Directors Guild of America -DGA).

Жан-Марк се залагаше за креативност, автентичност и испробување нови, оригинални идеи. Тој беше вистински уметник и дарежлив, љубовен. Секој што работеше со него не можеше а да не го забележи талентот и визијата што ги носеше во себе. Тој беше мој пријател, а креативен партнер и постар брат. Силно ќе ми недостига, но утешно е да се знае дека неговата импресивна работа и прекрасниот стил што го сподели со светот ќе продолжат да живеат“, изјави неговиот деловен партнер Нејтан Рос.

Вале зад себе ги остави синовите Алекс и Емил.

 

Слични објави

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо
Се вчитува....