Оваа недела планетата Марс ќе го напушти знакот на Девица за да влезе во знакот на Вага, подготвен да им донесе нова енергија на сите воздушни знаци и не само на нив… А вие, во кој знак сте родени? Дознајте со нас што ви подготвуваат sвездите за оваа недела!
Овен: Марс во опозиција
За жал оваа недела планетата Марс ќе дојде во спротивност со вашиот знак: почнувајќи од среда, ќе започне прилично заморен период за вас, во кој често може да се почувствувате без енергија … Планетата Меркур, исто така во опозиција, сигурно нема да ви помагне, туку ви носи дополнителен стрес на работното место. Порелаксирани денови се: вторник, среда и четврток. Среќна Месечина ќе имате во петок и сабота, па искористете ја за размена на убави чувства!
Бик: кавги со партнерот
Планетата Венера која е во опозиција на вашиот знак почнува да се чувствува: во вашиот живот во пар ќе има нервози и расправии, особено во петок и сабота, кога исто така ќе се почувствува дисонантната и конфликтна Месечина. Подобро ќе биде да се фокусирате на денот недела, кој ќе биде многу помирен. До среда, исто така, можете да сметате на прекрасен Марс во поволна положба, што ќе ви даде добра енергија.
Близнаци: недела со лошо расположение
Драги Близнаци, оваа недела не започнува на најдобар начин за вашиот знак, но ќе станува се подобра секој ден! В понеделник, всушност, ќе мора да ја издржите Месечината во опозиција и неповолниот Марс, што ќе ви донесе нервоза и замор. Одлучете се за опоравување на енергијата почнувајќи од среда, кога Марс ќе се врати да ви се насмевне и ќе можете да вратите малку од загубената енергија. Среќна Месечина во петок и сабота, па искористете ја за нежности.
Рак: губење на енергијата
За жал планетата Марс ќе ви го сврти грбот оваа недела. Почнувајќи од среда, всушност, може да почувствувате пад на енергијата што, за жал, ќе трае и во следните недели. Понатаму, во вторник, среда и четврток, ќе мора да ја издржите опозицијата на Месечината која може да направи да се чувствувате уште понервозни. Среќно, пак, ќе биде викендот, кога ве очекуваат некои добри вибрации и емоции.
Лав: жестоки дискусии!
Оваа недела – почнувајќи од среда – планетата Марс ќе се врати активна во ваша корист, подготвена да ви даде многу поголем гриз и борбеност што ќе ви требаат за да се соочите со сите тешкотии, особено во областа на чувствата. Венера во неповолна положба, всушност, создава конфликти и тензии во љубовната сфера. Обрнете посебно внимание на петок и сабота, кога може да се случат жестоки дискусии …
Девица: среќни денови!
Драги Девици, планетата Марс ќе остане во вашиот знак до среда, но ќе можете долго да уживате во неговите придобивки во однос на енергијата и на здравјето. Поволната Венера, од своја страна, ви носи среќа во однос на чувствата. Најдобри денови во неделата ќе бидат вторник, среда и четврток, кога исто така ќе имате прекрасна Месечина на ваша страна! Меѓутоа, „не“ ден е денот недела.
Вага: добредојде, Марс!
Драги Ваги, оваа недела планетата Марс ќе го остави знакот на Девица за да влезе во вашиот знак! Во следниот период, подгответе се да се чувствувате одморено, свежо и полни со енергија, особено со позитивна енергија, што ќе ви го врати ентузијазамот, решителноста и големата желба за победа. Меркур, од своја страна, ќе ви помогне да постигнете важна цел во областа на работата. Обложувајте се во среќните денови на Месечината: петок и сабота.
Шкорпија: понеодоливи од било кога!
Со Венера во вашиот знак вие сте понеодоливи од вообичаено! Планетата на љубовта го зголемува вашиот шарм и ви дава многу емоции во контекст на чувствата. Интересни состаноци за осамените, особено во недела. Внимание, сепак, на работното место: помеѓу петок и сабота може да настанат непријатности поради Месечината во неповолна положба. Повеќе среќа, од оваа гледна точка, ќе имате во првиот дел од неделата.
Стрелец: каква Месечина!
Вашата недела започнува со прекрасна Месечина во знакот во понеделник, која ќе ви донесе голема среќа. Поволниот Меркур ви помага, заедно со Јупитер, да постигнете добра цел или да добиете добра потврда на работното место. Марс, од своја страна, ќе се врати да дејствува во ваша корист почнувајќи од среда, давајќи ви многу убава нова енергија за следниот период.
Јарец: уморни, но среќни!
За жал оваа недела планетата Марс ќе изврши негативен транзит за вашиот знак: почнувајќи од среда може да доживеете пад на енергијата и да се чувствувате поуморно од вообичаено. За среќа, убава Месечина ќе ве расположи во вторник, среда и четврток, особено во областа на чувствата. Љубовта во овој период ви се насмевнува: прекрасната Венера во Шкорпија ќе ви донесе толку многу страст и емоции за паметење!
Водолија: проблеми со љубовта
Драги Водолии, оваа недела – почнувајќи од среда – планетата Марс ќе се врати да дејствува во ваша корист, давајќи ви многу повеќе психо -физичка енергија. Ќе успеете да се докажете, пред се, во областа на чувствата, во кои ќе има тешки моменти: Венера во неповолна положба ќе создаде мали, но и големи кризи помеѓу вас и вашиот партнер, кои можат да се решат само со взаемно слушање и способност за компромис.
Риби: остварување на љубовниот сон
Драги Риби, уште една добра вест за вашиот знак оваа недела: почнувајќи од среда, планетата Марс повеќе нема да биде во опозиција! По многу стресен и заморен период од секоја гледна точка, сега можете – малку по малку – да ја вратите вашата енергија и да се чувствувате посмирено. Искористете го супер-среќниот ден недела, кога Месечината ќе биде со вас, а прекрасната Венера може да ви го оствари големиот љубовен сон!