22:16 - 22 мај, 2026

Најново истражување: Луѓето кои имаат по две деца живеат најдолго!

unsplash

Децата се вистински благослов за родителите. Познатата изрека која гласи „две глави се подобри од една“ научниците се обидуваат да ја докажат со ова истражување.

Истражувачите откриле дека имањето деца е поврзано со долгорочноста на родителите. Со направена анализа на мажи и жени родени меѓу 1911 и 1925 година и нивните деца, заклучиле дека со поддршката од синовите и ќерките, повозрасните родители имаат помалку стрес, што значи дека имаат подолг живот.

Друго многу интересно истражување открило дека мајките на две деца живеат подолго од жените кои имаат едно дете или немаат воопшто.

Да се има две деца е еднакво значајно и за жените и за мажите. Истото истражување го анализира и споредува бројот на деца со животниот век на мажите. Резултатот покажува дека споредено со татковци на едно, пет или повеќе деца, татковците на две деца живеат подолго.

Unsplash

Истото важи и за посвојувањето. Придобивките се изненадувачки и воздигнувачки. Жените кои посвоиле две деца имаат уште подолг животен век од биолошките мајки. И во споредба на бројот на посвоени деца и животниот век на родителите, тие со две деца напредувале подобро споредено со оние со едно дете или на пример четири посвоени деца.

Друг интересен заклучок е дека посвојувањето дете може да додаде 3 екстра години во животот на мајката. Посвојувањето на две или три деца може да додаде плус 5 години живот. Ова исто може да биде објаснето со поддршката што децата им ја даваат на родителите.

Што е уште позачудувачко е какво влијание има посвојувањето деца од различни културолошки позадини. Истото истражување ги споредува потеклото на децата кои биле посвоени со долгорочноста на нивните родители. Мајките и татковците кои посвојуваат деца од други држави или континенти имаат значително подолг животен век споредено со тие кои посвојуваат од истата држава, пишува „Brightside“.

Слични објави

(Фото) Луѓето не можат да поверуваат како изгледа Тања Савиќ – пејачката го покажа лицето без грам шминка

Еспресо

(Фото) Торта со тигри и роденденски прскалки – еве како Вељко Ражнатовиќ го прославува роденденот на најмладиот син

Еспресо

Која е Викторија Сваровски? Водителката на Евровизија е кралица на кристалите и е во врска со милијардер

Т.Ц.

(Фото) Кристина Арнаудова: Недела е ден за готвење нешта што дебелеат!

Еспресо

(Фото) Синот на Лепа Брена уживаше како крал за 1 Мај – луксузно вино од над 300.000 денари и вкусни чварки

Еспресо

„Си барав причина за да пијам, одев во екстреми“: Таско за проблемот со алкохолот

Еспресо
Се вчитува....