15:33 - 7 ноември, 2026

Милан Мариќ со потресни зборови се прости од Лаушевиќ: „Никогаш не сум пишувал вакво нешто, тешко ми е…“

Глумецот Милан Мариќ со потресни зборови се опрости од Жарко Лаушевиќ.

Актерот Милан Мариќ глумеше во серијата „Пад“, работена според книгата на Жарко Лаушевиќ „Годината минува, денот никогаш не поминува“. Мариќ го толкуваше ликот на Иван Маслац, заснован на книгата на Лаушевиќ.

„Жаре,

Не знам како ова се прави, никогаш не сум пишувал вакво нешто. Јебига, и тешко ми е. Дали прво би требало да ти се заблагодарам? Да напишам : “Фала што беше таков глумец”?

Морам прво да напишам глумец зашто токму така те запознав. Преку улогата. Те запознав преку улога?! Како тоа наивно звучи, но знаеш на што мислам.

Можеби сепак треба да напишам: „Ти благодарам што беше таков колега“.
Тоа звучи поблиску и поинтимно, и навистина е така. Морам да додадам дека беше прекрасен колега, полн со трпение, совети и разбирање за нас „балавците“. И ти го знаеш сето тоа, сето тоа веќе ти го кажав. И не сум единствениот.

А кога би напишал само „Жаре, благодарам“, тоа би значело дека се збогувам со тебе и како актер и како колега, но и со она што јас и ти го изградивме надвор од филмскиот сет.
А за тоа ми е всушност најтешко да пишувам.
Ќе се обидам.
Ти благодарам за довербата.
Ти благодарам за насмевките.
Ти благодарам за времето.
Ти благодарам за поддршката.
Ти благодарам за лекциите.
Ти благодарам за нежноста.
И ти благодарам за пријателството.

Можеби раѓањето на секој човек е неговиот најголем подем, се останато е пад.

Твој, Маре“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milan Marić (@eugensmesni)

Најубави цитати од Жарко Лаушевиќ: „Не е ова лошо време, ова сме лоши ние…“

Слични објави

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.
Се вчитува....