11:26 - 10 ноември, 2026

МАРИЈА ГЛИГОРОВА СЕ ПРЕПОЛОВИ ВО ОБЕМ, минус 35 килограми не се шега! Еве ја нејзината приказна

Марија пред трансформацијата имала 119 килограми, а сега има 75.

Нутриционистката Елена Мирческа е со нас за да се „стегнеме“ во пресрет на есента.

Здравиот начин на исхрана е во мода, а добрите нутриционисти се сè побарани. Особено, ако здравиот диетен режим би можеле да го комбинираме со физичка активност. Нутриционистката, веганка и фитнес-инструкторка, Елена Мирческа, нѐ советува како да дојдеме во топ форма во пресрет на есента.

Елена е дипломиран инженер-технолог нутриционист, но има и бројни доедукации во областа на природната медицина, нутриционизмот и квалитет и безбедност на храна. Со еден збор, таа е нутриционист „пар екселанс“, или по „нашки“, експерт за храна без конкуренција.

А серијата што следува е „исповед“ за слабеење на некои од жените во кои Елена се вложила за да добијат фит-изглед.

Овојпат ѝ благодариме на Марија Глигорова што своето искуство го сподели со нас.

приватна архива

Марија за себе вели: имав еден многу скап обид во борба со килограмите кој не самошто двојно ги вратив по прекинувањето, туку се одрази негативно и врз моето здравје! Кога станав свесна дека еднинствено здрава и избалансирана диета, односно начин на исхрана, а не гладување, е начинот за долготраен резултат, побарав помош од нутриционист.

-Процесот е долг и тежок за било кој да го поминува сам. Не е само ливчето хартија на кое се напишани оброците, туку тука е и целокупната поддршка која некој треба да ја има во текот на целиот процес, додава Марија.

Марија досега „симна“ 35 килограми и речиси се преполови во обем и продолжува и понатаму под стручен надзор да ја доведе својата линија до некритично себеприфаќање во огледалото.

 

Слични објави

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо
Се вчитува....