9.8 C
Скопје
12:59 - 31 март, 2026

Лепа Брена откри на кого помислува кога го пее хитот „Југословенка“ (ВИДЕО)

Instagram

Лепа Брена во интервјуто за „Слободна Далмација“ зборувала за многу работи од нејзиниот приватен живот. Признала и дека тешко ѝ паднале некои работи, меѓу кои и распадот на Југославија.

„Најтешко ми беше кога се распадна Југославија, па кога во 1993 година умре менаџерот Рака Џокиќ. Една година претходно Боба ја повреди кичмата, а јас ја скршив ногата. Животот ми го одбележа и киднапирањето на Стефан во 2000 година“, рекла Брена.

Брена открила на кого помислува кога ја пее нејзината песна „Југословенка“.

„Повеќето луѓе на Балканот се носталгични. Кога зборувам за Југославија не зборувам за никаква политичка творба, пеев за неа како за земја во која живееме. Како што времето поминува, мислам дека публиката што доаѓаше на моите концерти е носталгична во смисла на добрососедски односи и комуникации бидејќи сме географски, културолошки, па и економски насочени едни на други. Кога ја пејам „Југословенка“ помислувам на сите луѓе кои живеат на Балканот, тоа е песна посветена на пријателството меѓу народите, независно од која религија се, која боја на кожа и кој пол. Ако една Европа се обедини и направи економска стратегија за опстанок, мислам дека тоа треба да се случи на просторот кој некогаш се викаше Југославија“, рекла Брена.

Слични објави

(Видео) Едноставна техника за фарбање јајца која дава волшебен резултат

Еспресо

(Фото) Се огласи Кели Озборн откако ја раскинa веридбата, објави фотографија на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) „Љубов моја, воину на светлината“: Јована Јеремиќ јавно му се обрати на Тигар, сè „пука“ од емоции

Еспресо

Хороскоп за 20 март: Девици, изнанедете ја саканата личност со романтична вечера

Еспресо

(Фото+видео) Како во Холивуд: Маја Шупут приреди спектакл за петтиот роденден на својот син

Еспресо

Тејана Тејлор во центар на скандал на Оскарите: Камерите ја фатија како вика по маж во ходникот

apostolova
Се вчитува....