12:55 - 5 декември, 2025

Колку често треба да чистите

Чистењето понекогаш е вистинска ноќна мора, но овој „распоред“ за тоа што и колку често треба да чистите многу ќе ви помогне.

Доколку редовно ги чистите работите, долгорочно гледано ќе имате помалку работа бидејќи нема да морате подоцна да рибате.

Нормално дека поентата не е нон стоп да чистите, но некои нешта сепак би требало да ги чистите секојдневно. Повторно, добрата страна на тоа е што вашата куќа секогаш ќе биде чиста, а секојдневното чистење нема да ви одземе многу време.

Секој ден би требало да го местите креветот, да ги миете садовите, да ја бришете трпезариската и клуб масата и работните површини во кујната. Доколку за тоа има потреба, алиштата исто така треба да ги перете секојдневно, но и да ја пребришете површината во бањата, како и да го исчистите лавабото и кадата или туш кабината по користењето.

Неделно би требало да ги бришете подовите во куќата, огледалата, да ја избришете прашината во целиот дом и да усисате, да ја смените постелнината, да ја подзачистите рерната или микробрановата печка и да го замените сунѓерот за миење садови.

Месечно би требало да ги исчистите вентилациите и вентилациските отвори, тука спаѓа и аспираторот, да ги исперете завесите и да ја исчистите машината за садови и алишта. Да ја исчистите и измиете терасата, скалите пред влезот и сл.

На секои три до шест месеци би требало да ја исчистите внатрешноста на фрижидерот или замрзнувачот, да ја исперете завесата за кадата, да исчистите под креветите и зад мебелот и зад елементите во кујната, како и да ги исперете перниците, да ги усисате душеците и да ги дезинфицирате. Исто така, на три до шест месеци или по потреба би требало да ги чистите и прозорците. Да ја исчистите гарнитурата, да ги отстраните евентуалните флеки и да ја освежите. Пареочистач би ви бил од голема помош.

Годишно би требало да го исчистите оџакот и шпоретот на дрва, како и да ги исперете теписите, по потреба да дезинфицирате со кречење.

Секојдневното чистење ќе ви заштеди време, тоа всуност не е чистење туку потсредување кое ќе ви ја олесни големата генералка подоцна, а ќе ги намали и бактериите и прљавштините кои лесно се таложат.

Кога станува збор за работите кои неделно се чистат, добра работа е дека не морате да ги исчистите сите работи во еден ден, а истото важи и за месечното, тримесечното, полугодишното и годишното чистење.

Доколку имате мали деца или пак домашен миленик, чистењето треба да е почесто.

Слични објави

Денеска ќе наполнеше 48 години: Ксенија Пајчин со себе понесе голема тајна во гроб

Еспресо

(Фото) Вака живее вистинската елита: Најубавата хрватска новинарка и водителка покажа како изгледа нејзиниот „просечен“ ден во Дубаи

Еспресо

Ава Карабатиќ жестоко по ријалити-индустријата: „Жените таму влегуваат за да си ја кренат цената за проституција“

Еспресо

(Фото) Вики Миљковиќ и Нермин во Истанбул: Средбата со турската ѕвезда ги заинтригира фановите

Еспресо

Дара Бубамара во последен момент не се појавила на гламурозен настан, причината била Сека Алексиќ

Еспресо

На Душко Тошиќ му цвета новиот бизнис – Собра милиони преку ноќ

Еспресо
Се вчитува....