Пејачката Лана Јурчевиќ е бремена, а радосната вест ја објави на Инстаграм со видео од позитивен тест за бременост.
„Дел од мене. Другиот дел. Изненадување“, напиша таа под објавата.
Ова ќе биде нејзино второ дете. Во ноември 2023 година Лана ја роди ќерката Мејла Лили, која ја има со својот партнер Филип Кратофил.
Пејачката речиси една година не се појавуваше во јавност, ниту беше активна на социјалните мрежи. Пред извесно време конечно се огласи и ги израдува своите следбеници со новата песна „Дел од мене“.
„Ми требаше време да соберам сила, да подготвам сè, да ја снимам песната и спотот. Се прашував дали воопшто сум подготвена, дали сум го заборавила овој занает, дали тоа сè уште е во мене, во крвта…“, изјави Лана.
Песната и спотот ги објави на својот Јутјуб канал, на својот 41 роденден.
Новиот сингл зборува за нејзината вера во чудо, а таа своето чудо го доживеа кога ја роди ќерката Мејла Лили, која кон крајот на месецов ќе наполни две години.
„Ова е песна за љубовта кон детето, но може да се примени и на која било друга љубов, на сè што е дел од нас. Се сеќавам на моментот кога песната стигна до мене и знаев дека е вистинската. Исто така, се сеќавам и на моментот кога лекарот ти ја кажува најлошата можна работа. Гордa сум што не паднав со духот ни кога ми ја рекоа најтешката реченица, дека тоа е почетокот на крајот. Во тие моменти не знаеш како ќе реагираш, како ќе се држиш… Но тогаш му се препуштиш на инстинктот и на вербата дека те водат. И среќна сум што имавме среќен исход“, вели таа.
Лана не криела колку мајчинството ја променило и ја направило посилна.
„Секогаш сум говорела: можеш да успееш. Жените сме составени на посебен начин. Постојат причини зошто Бог токму нам ни ја дал можноста да бидеме мајки. Ние сме како најфина чипка, направени од многу слоеви, и сè можеме да издржиме. Се разбира, татковците се еднакво важни, со добар партнер сè е многу полесно“, додава Лана и истакнува дека има огромна поддршка од својот партнер Филип Кратофил, за кого вели дека е прекрасен татко: „Од првиот ден е толку снаодлив родител, ништо не му претставува проблем“.
Со посебна гордост ја открива и приказната за името на својата ќерка. „Секогаш сум била креативна, со илјада идеи. Но овојпат идејата не беше моја, туку на Филип. Тој го предложи името Мејла, што никогаш претходно не го имав слушнато, а друга опција беше Лили. Почнавме да пребаруваме и откривме дека постои воден крин што се вика Мејла Лили. Тоа беше тоа, симбол на чудо, борба и надеж“, раскажува таа и додава: „Би сакала ќерка ми да ме памети по тоа што за неа сум дала апсолутно сè, и што продолжувам да го правам“.
