7.8 C
Скопје
03:47 - 30 март, 2026

Го загуби татко му во сообраќајка како многу млад: Борко Ристовски си ја отвори душата

Татко му на Борко Ристовски несреќно загинал кога тој бил многу млад и оваа тага го следи цел живот.

Поранешниот ракометар и репрезентативец Борко Ристовски, сегашен министер за спорт гостуваше во емисијата „Животна приказна“ на Македонската телевизија.

Ристовски, кој претходно го викаа министер за одбрана на шега, раскажа за неговата најголема животна препрека, загубата на татко му кога бил многу млад.

-Најголема животна препрека ми е губењето на мојот родител, мојот татко кој загина во сообраќајна несреќа на мои 19 години, тоа е нешто кое што ми остана како белег.

Беше многу тешко. Во моментот бев во Македонија, но имав веќе потпишано договор да настапувам за странство, и после една годиа од играњето во Шпанија, го раскинав договорот, се вратив во Македонија, и после две години повторно заминав.

Така што тоа е некоја препрека којашто е животна, која межби ми била најтешка“, рече Ристовски во видеото кое е објавено на Инстаграм профилот на „Животна приказна“. 

Инаку, на почетокот од 2023-та Борко Ристовски и неговата сопруга Нина, го добија своето второ дете, ќерката Анастасија. Ќерката се роди пет години по нивниот син Душан.

Фото/ Инстаграм

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....