4.8 C
Скопје
15:02 - 21 декември, 2024

(ФОТО СТОРИЈА) ПРАЗНИЧНА МАГИЈА ВО ДОМОТ И ДВОРОТ НА СЕМЕЈСТВО ВРЖАЛКОВСКИ: Во украсувањето на природната елка уживаме сите, а најрадосни се децата!

Кога имате преубав дом и двор, кога згора на тоа сте креативни, и уште кога имате мерак за украсување – а пред вас е најмагичната сезона во годината – тогаш лесно е да се претпостави што сè може да создадете без да поседувате самовилско стапче.

Во случајов, самовилски стапчиња се самите раце на Гордана Вржалковска.  

Украсувањето на елката секоја година се случува на денот на нивната слава, св.Ѓоргија, 9ти декември, а во овој свечен ритуал ужива целото семејство, особено дечињата.

фото – приватна архива
фото – приватна архива
Гордана љубезно ни ги отвори вратите на својот дом и двор во Битола. И магијата започна веднаш. Атмосферата обзема. Топла, пријатна, блескава, со многу стил и вкус.

Дали има некоја посебна традиција и значење китењето на елката во вашиот двор?

– Покрај украсувањето на домот за новогодишните и божиќните празници, редовно ја украсуваме и елката во нашиот двор. Самата елка е украс во дворот, без разлика дали е лето или зима. Кога има снег – најубава е, без разлика дали е накитена или не. Украсувањето се менува од година во година како што расте самата елка.

Кој е вашиот омилен лампион или украс и ве врзува некоја приказна за него?

– Со оглед на тоа што се работи за елка која е природна и е доста голема, украсувањето со лампионите и украсите ги менувам. Сите украси и лампиони ги одбирам заедно со моите ќеркички, па сите ми се посебни! Оваа година елката е накитена со златно- црвени сијалички.

Во каква празнична атмосфера најмногу уживате кога станува збор за уредување на дворот?

– Елката и украсувањето на дворот и домот традиционално го правиме на 9ти декември, за св.Ѓогија, кога ни е и домашна слава. Во украсувањето уживаме сите фамилијарно, а најрадосни се децата.

Дали ги следите трендовите на китење или имате ваши омилени нијанси?

– Трендовите ги следам, но сепак, оставам на тоа што мене повеќе ми се допаѓа и мислам дека ми одговара.

Како љубителка на цвеќе, дали го украсувате и цвеќето или пак, користите цветни елементи за украсување на домот?

– Голем љубител сум и на цвеќето. Затоа во дворот цвечиња имам во голем број, дел од нив се сезонски, а останатите ги внесувам дома, па самите тие се украс во салонот.

Кое е вашето омилено божиќно цвеќе?

– Секое цвеќе си има своја убавина.Тешко е да одбериш кое е поубаво,но моментално божиќниот кактус е она што секој Божиќ ме радува.

Инаку, Гордана е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ВОЛШЕБНАТА ПРАЗНИЧНА ФОТОГАЛЕРИЈА.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Уживаат во љубовта: Горан Алачки и Марина Дојчиновска на одмор на Малдивите

apostolova
Се вчитува....