4.8 C
Скопје
03:04 - 21 декември, 2024

(ФОТО+РЕЦЕПТИ) ОД ДОМОТ НА БРАНКО ВО ВЕВЧАНИ: Секогаш се враќам дома, на кафето под дренот, кашаникот на мајка ми, на вевчанската убавина и спокој

Дружбата со Бранко продолжува со неколку специјално подготвени вевчански рецепти. Уживајте низ фотографиите од домот на Бранко во Вевчани и неговите вкусни јадења.

Југозападниот дел на нашата држава го крие едно од најубавите и најмагичните места, наречено Вевчани, кое ги има собрано сите природни убавини во едно. Сместено под падините на планината Јабланица, во близина на Охридското Езеро и убавиот Црн Дрим, Вевчани е место на кое постојано ќе се навраќаме. Покрај сите природни убавини кои ги има, Вевчани е препознатливо и по ведрите луѓе, секогаш гостопримливи и љубезни кон туристите и посетителите. Од магичното Вевчани потекнува и познатиот гастроном и љубител на кулинарството, Бранко Попоски, познат под псевдонимот „Готвиме со Бранко“ („Cooking with Branko“), кој секогаш сака на своите следбеници да им претсави рецепти од вевчанската кујна. Горд на своето место на раѓање, Бранко за Вевчани вели дека е поим за мир и благосостојба.

приватна архива

Љубовта кон готвењето ја добил уште од мали нозе, благодарение на неговата мајка која е исто така голем љубител на готвењето. Кујната за Бранко претставува место за одмор и изразување на креативноста. Вели дека ужива во мирисите на кујната и секој рецепт го подготвува со посебна љубов и внимание. Иако живее и работи во Скопје, Бранко обожава слободните денови да ги поминува дома, подготвувајќи вевчански специјалитети.

Вевчанската убавина според Бранко се отсликува со чистиот воздух и мирните утра, а најубавото чувство кое според него го нема никаде, освен во неговото Вевчани, е испиеното турско кафе во дворот под дренот, со поглед кон Охридското Езеро и мирисот на топол леб кој се шири секое утро.

приватна архива
приватна архива

Каде и да одам, секогаш се враќам дома. На дворот, куќата каде што израснав, на топлите прегратки и насмевката на мајка ми и татко ми, на моментите од детството, на зеленилото и дворот кои неизмерно ми недостигаат во Скопје и на мирот, спокојот кој што го има домот и моето Вевчани. Некогаш, толку многу ми е тешко да зборувам за Вевчани и зошто толку многу го сакам и сум горд на ова место, што не можам да изнајдам соодветни зборови и сметам дека преку сликите и рецептите се доловува секој мој неискажан збор. Сакам кога сум дома. Го сакам мирисот на свежо набрани домати од градината на мајка ми, средувањето на дворот и мирисот на тазе косена трева, уживањето во секој поглед кон Охридското езеро и подготовката на секој вевчански специјалитет. И татко ми е голем гурман, па никогаш не отстапува неговата вкусна скара и гурманска подготовка на истата. Готвењето со нив за мене е секогаш забавно. Од нив научив многу работи за старите вевчански специјалитети како што се: кашаникот, качамакот со чварки, јагнешкото под сач и моето омилено јадење золеникот со праз. Сакам да споделам една порака која сакам да допре до сите вас – Каде и да сте на овој свет, никогаш не го заборавајте домот, местото каде што сте пораснале и љубовта и топлата прегратка која секогаш ќе ве чека таму, ни вели Бранко.

Сите вкусови и миризби на Вевчани, од домот на Бранко Попоски, фото – приватна архива

Дружбата со Бранко продолжува со неколку специјално подготвени вевчански рецепти.

Уживајте низ фотографиите од домот на Бранко во Вевчани и неговите вкусни јадења.

Качамак на вевчански начин 

Потребни состојки:

1 кг. пченкарно брашно

1 лажица хималајска сол

100 гр. путер или свинска маст

50мл. сончогледово масло

2л. вода

Начин на подготовка:

Во тенџере додадете ја водата и оставете да зоврие. Откако ќе зоврие, се додава солта и потоа внимателно се става во неа брашното. Со тенко сукало се прават повеќе дупчиња во брашното и се остава да се вари на тивок оган околу еден час и триесет минути, без мешање. Откако ќе се свари, се меша со сукалото со кружни движења, потоа се додава претходно загреаното маслото, па одново се промешува, сè додека убаво се иситни.

Откако ќе се зготви убаво, со лажица се вади дел по дел од качамакот и се става на тепсија. Врз сите парчиња се додава коцка путер или свинска маст и овчо/кравјо сирење. Се пече околу 15 минути на 200 степени.

  • Истово може да се подготви и посно, доколку се стави масло или маргарин наместо путер.
  • Со ова јадење во прилог оди сирење, кисело млеко, јогурт, павлака.

Вевчански питули со лук и ореви

Потребни состојки

За смесата:

1кг. брашно тип 400

1 литар млака вода

2 лажички сол

половина лажичка шеќер

Начин на подготовка

Во длабок сад додадете го брашното, солта и шеќерот и убаво промешајте. Потоа, додавајте ја водата постепено и мешате се додека не добиете смеса како за палачинки. Можете да мешате и со миксер за да не ви останат грутки.

Смесата треба да биде погуста, така да доколку нешто недостасува, можете да додадете брашно за поголема вистина, или пак вода за да ја намалите густината.

Смесата се пече на питуличарка или пак во поголема тава за палачинки подмачкана со масло после секоја испечена кора. Се пече околу 2 минути од едната, па се врти потоа на другата страна. Додека не се подготват сите питули, една по една се покриваат со сува крпа за да останат меки.

Смеса за питули:

200гр. сецкани ореви

500мл. вода

30мл. маслиново масло

5 чешниња лук (сецкани)

 Смесата се подготвува во сад, каде се додаваат горенаведените состојки.

Потоа, во голема тепсија премачкана со масло, се става една по една питулица која треба да ја покрие цела тепсија,  па се попрскува со смесата од лук и ореви. Оваа постапка се повторува се додека не се истрошат сите питули односно губи. Последната губа се премачкува со масло. Се остава да отстои околу 15 до 20 минути, па се пече на 180 до 200 степени околу 20 минути.

Се служи со ајвар, лутеница, овчо сирење и јогурт.

Вевчански кашаник

Потребни состојки:

3 кг брашно тип 500

6 литри млака вода

сол по вкус

500 мл масло

Потребна опрема:

тепсија број 46

сач (вршник)

пирустија

Подготовка:

Вршникот (сачот) треба да се вжешти на оган со жар пред да ја печете кората. Во длабок сад ставете брашно, вода и сол и формирајте хомогена смеса. Ставете голема лажица од смесата во тепсија и попрскајте ја со масло. Повторувајте ја постапката додека ја потрошите смесата. Последната кора печете ја малку за да зарумени, па вратете го сачот над кашаникот.

приватна архива

 

Второто продолжение на фото-рецептите реализирани во домот на Бранко во Вевчани, читајте ги УТРЕ (06.септмеври, понеделник) во 12 часот на нашиот портал еспресо.мк. 

Следуваат превкусните рецепти: Јагнешко под сач, Золеник и Вевчанска посна пита со праз.  

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Уживаат во љубовта: Горан Алачки и Марина Дојчиновска на одмор на Малдивите

apostolova

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо
Се вчитува....