02:21 - 11 ноември, 2026

ЌЕ ИМ СЕ ПОГОДИ ВРЕМЕТО: Оние кои не биле на одмор, еве кога можат да летуваат!

– По влажниот Медитерански бран кој ќе помине денес (недела) и во понеделник над нашата територија и кој ќе услови повремени локални врнежи од дожд, на некои места и поројни проследени со грмежи, како и со засилување на ветерот, и тоа особено во јужните предели а додека во северната половина, истите понекаде и ќе изостанат, од вторник па натаму следува период на стабилно, суво и СЕПТЕМВРИСКО ЛЕТНО време, објаснува метео прогнозерот Славчо Попоски. 

Тој додава дека времето ќе биде сончево со умерена, а повремено и локално и позначителна облачност. Сепак поради продор на ТОПЛА воздушна маса од југ температурите на воздухот ќе бидат во пораст и истите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 29 степени.  Исто така во следните денови ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец, и истиот повремено ќе засилува на некои места.

– Отсега гледано, уште потопло време ќе имаме од следниот викенд кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Да напоменеме дека ако вака останат работите, ќе уживаме во подолг период на стабилно, суво и топло септемвриско време, па токму поради ова сите граѓани кои до сега не го искористиле својот годишен одмор, тоа ќе можат да го направат од вторник па натаму, вели Попоски.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....