11.8 C
Скопје
01:18 - 3 мај, 2024

Зошто толку на „резервниот“ британски принц Хари му требаше „Резерва“: Најжешките откритија на мемоарите „бомба“ на принцот Хари

Хари е „човек полн со незадоволство“, така гласи накусо синтезата на првите реакции на кралските „чувари“ на мемоарите насловени „Резерва“, потпишани од британскиот принц Хари, кои денес се најбарана книга низ британските и светските книжарници. Книга после која веројатно нема ништо да биде исто во краслките семејства.

Самиот наслов „Резерва“ алудира на улогата на Хари во кралското семејство: вечното „резервно тркало“ на престолонаследникот Вилијам. Војводата од Сасекс во книгата прецизираше дека тоа му било судбинско определено со самата реченица што неговиот татко Чарлс наводно ѝ ја рекол на Дијана кога децата биле мали: „Прекрасно. Ми дадовте наследник за замена, си ја завршивте работата“.

Во текот на изминатиот викенд, социјалните мрежи беа преплавени со поплава од информации протечени од книгата „Резерва“ („Spare“) – мемоарите на британскиот принц Хари, чија премиера во книжарниците во Велика Британија и низ светот треба да се случи денес. Книгата содржи 540 страници, а за неа војводата од Сасекс веќе добил аванс од 20 милиони долари. Премиерата на бомбастичните мемоари, како што се најавувани, беше закажана за сите европски земји истовремено (на 10 јануари), но по грешка пет дена порано книгата се појави во шпанските книжарници. Така, извадоци од мемоарите на Хари предвреме го обиколија светот. Сочни пикантерии, скандали во кралското семејство до физички пресметки, од „лошата маќеа“ Камила до Талибанците убиени без каење како „пиони на шаховска табла“…Еве ги најгорливите откритија од контроверзната книга полна со ниски удари против британското кралско семејство.

Физичкиот напад од страна на брат му, принцот Вилијам

Хари во книгата раскажува за насилна физичка пресметка со неговиот брат, принцот Вилијам, поради Меган Маркл, која се случила во 2019 година во Нотингем Котиџ, каде што живееле во тоа време. Постариот брат го посетил, како што раскажува војводата од Сасекс, и почнал да се жали на снаата (Меган Маркл), нарекувајќи ја „дрска и безобразна“. Дискусијата станувала сè пожестока и во одреден момент Вилијам наводно го удрил Хари: „Ме фати за јаката, ме повлече за ланчето на вратот и ме фрли на земја. Паднав врз садот за кучето, а тој се распарчи под мојот грб, парчиња ме сечеа. Останав на подот извесно време зашеметен и запрепастен, а потоа станав и му реков да си оди“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prince Harry (@princeharryofengland)

25-те талибанци убиени како „пиони на шаховска табла“

Автобиографијата на војводата од Сасекс содржи сензационално признание дека тој убил најмалку 25 Талибанци во Авганистан „како фигури на шаховска табла“ и без никакво каење: „За мене тие беа пиони, а не човечки суштества“. Реакција пристигна од поранешниот британски полковник, претпоставен полковник на принцот Хари во Авганистан, Ричард Кемп: „Хари ги изневери своите другари и британската армија која секогаш го почитува човечкиот живот“. Според неговите зборови „тој ја загрозил и неговата лична безбедност“, со оглед на тоа дека некои екстремисти би можеле да се одмаздат. Дури и поранешниот маринец, пријател на Хари, Бен Мекбин, со изгубена рака и нога во Авганистан, се огласи со зборовите дека Хари „повторно ментално ќе се отрезни“ и апелирајќи до него: „Хари, те сакам. Сега, те молам, замолчи!“ Дури и Талибанците му одговорија на војводата од Сасекс. Командантот Молави Ага Гол, на пример, изјави за „Дејли Мејл“: „Ние сме сè уште тука, а тој побегна во Палатата на својата баба. Тој е зборлив губитник кој се обидува да привлече внимание. Испишавме историја со тоа што го истеравме него и неговата војска од нашата татковина и тој е сега лут поради тоа. Мислам дека полудел и дека веднаш му треба лекар“. Друг талибански функционер, Анас Хакани, на Твитер напиша: „ Хари! Оние што ги убивте не беа шаховски фигури, тие беа човечки суштества; имаа семејства кои го чекаа нивното враќање“.

„Вилијам оќелавел“

Хари во книгата не го поштедува својот брат со ниски удари дури и на физички план. Дискусијата се сличила по смртта на нивниот дедо, принцот Филип, а војводата пишува: „Го погледнав Вили, навистина го погледнав одблизу можеби за прв пат од мали нозе […] Неговото опаѓање на косата беше алармантно и понапредно од моето“ .

За кокаинот

Војводата од Сасекс во книгата открива дека првпат пробал кокаин за време на еден викенд на 17-годишна возраст, а и во некои други прилики земал неколку „цртки“. И не само тоа: тој открива дека пушел и канабис кај негов пријател, скриен во бањата, а пробал и „психоделични печурки“ во Калифорнија во 2016 година. Изјави кои, како што истакнуваат експертите, може да ја загрозат неговата американска виза.

За изборот на нацистичка униформа

Во своите мемоари, принцот Хари објаснува дека Вилијам и Кејт се виновни за скандалот што се случил во 2005 година кога тој се појавил на забава за Ноќта на вештерките облечен во нацистичка униформа. Наводно, за маскенбалот тој сакал да избире пилотска униформа, но кога ја облекол нацистичката униформа, Вилијам и Кејт Мидлтон „толку многу се смееа“, и така тие го одлучиле за втората. „Ги прашав Вили и Кејт што мислат.

Тие рекоа, недвосмислено, „нацистичка униформа“, пишува Хари во книгата. Фотографијата од маскенбалот на кој принцот Хари се појавил во нацистичка униформа ја објави своевремено англискиот таблоид „Сан“ и предизвика лавина негативни реакции.

„Лошата маќеа“ Камила

Принцот Хари во своите мемоари тврди дека тој и неговиот брат не сакале кралот Чарлс да се ожени со неговата долгогодишна љубов, Камила Паркер-Боулс, по смртта на нивната мајка принцезата Дајана. Хари објаснува: „Се сеќавам дека се прашував… дали [Камила] би била сурова кон мене; дали ќе биде иста како сите лоши маќеа од приказните“. Хари додава дека и тој и Вилијам едноставно не сакале Чарлс повторно да се ожени. Војводата се сеќава како за првпат ја сретнал Камила, која тој и неговиот брат ја нарекувале „другата жена“: и дека за него тоа не било воопшто пријатно искуство: „Требаше да ги затворам очите и така да не ја почувствувам болката“, пишува тој. Понатаму открива дека најсилно обединети двајцата браќа биле всушност кога биле против идната сопруга на татко им, додека речиси за сè друго во животот Вилијам на него гледал како на „личен непријател“ и негов „противник“.

Чарлс го довел во прашање (на шега) татковството на Хари

Според напишаното во „Резерва“, кралот Чарлс се пошегувал во јавноста за тоа кој е вистинскиот татко на Хари, мислејќи на гласините дека војводата од Сасекс е син на Дијана и на нејзиниот љубовник, мајорот Џејмс Хјуит. Според Хари, Чарс пред јавност рекол за да биде забавен: „Се прашувам дали навистина сум ти биолошки татко? Можеби татко ти е навистина во Бродмур, драг мој сине“.

Слични објави

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо
Се вчитува....