07:40 - 10 ноември, 2026

Зошто Лиза Мари Присли го мразеше Том Круз? „Не сакам со него да бидам во иста просторија!“

Лиза Мари Присли неколку години пред нејзината смрт откри дека немала добри односи со Том Круз, еден од актерите кои се најтесно поврзани со скиентологијата.

Ќерката на Елвис Присли го мразела актерот, така сама се изјасни своевремено, сето тоа поради религијата во која бил вклучен.

Лиза Мари станала дел од оваа моќна група кога имала само девет години. Прво на скиентолошката црква одлучила да се приклучи нејзината мајка, Присила, а таа наводно била „регрутирана“ од асистентката на Џон Траволта, Силвија „Спанки“ Тејлор.

Скиентологијата веќе се обиде да го регрутира Елвис, но тој секогаш тврдеше дека го сакаат поради неговата слава и пари, во што веруваше и неговата ќерка.

Всушност, Лиза Мари остро ја критикуваше скиентологијата во интервју со Тони Ортега, обвинувајќи го водачот на религијата, Дејвид Мискавиџ, дека го искористил богатството на нејзиното семејство.

„На 25 години, откако го добив наследството, почнаа да ми се додворуваат да бидам таа личност која ќе ги внесе сите останати во оваа црква“, рече Лиза Мари Присли во 2014 година откако ја напушти сектата.

„Јас баш го мразам Том (Круз). Го запознав пред 20 години. Реков дека никогаш повеќе не сакам да бидам во иста просторија со него“.

Покрај тоа, таа објасни како се обиделе да ги регрутираат членовите на нејзиното семејство и пријателите, како што беше случајот со нејзиниот втор сопруг Мајкл Џексон.

„Но, потоа се откажаа од Мајкл зашто за Мајкл во тоа време имаше многу критики во медиумите, па не им одговараше таков имиџ“, рече Лиза Мари Присли.

Скиентолошката црква е основана во декември 1953 година од писателот на научна фантастика Л. Рон Хабард, Скиентологијата е една од најмладите, но најпознатите религии во светот.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....