21:54 - 9 ноември, 2026

Запознајте ја Наталија Гарибото – моделот што го „стресе“ Ватикан по објавата дека папата Франциск „лајкувал“ нејзини фотографии на Инстаграм

Скандалот што изби откако на Папата Франциск му се „допаднале“ фотографии на Инстаграм профилот на 27-годишната манекенка Наталија Гарибото ја вознемири јавноста. Секој корисник на социјална мрежа може случајно да „лајкне“ нечија фотографија, но никој не очекуваше дека поглаварот на Католичката црква ќе го стори истото.

EPA
EPA-EFE/VATICAN MEDIA

Наталија Гарибото е модел на социјалната мрежа Инстаграм. Таа има над 2 милиони следбеници и своја официјална веб-страница, каде што изјавува дека можете да најдете необјавена содржина, пристап до нејзини видеа и многу повеќе!

„Barstool Sports“ сподели видео на социјалната мрежа Твитер на кое се гледа провокативна фотографија на Наталија Гаработо. Под фотографијата стои дека моделот добил „лајк“ од официјалниот Инстаграм профил на папата Франциск.

Instagram
Instagram

Папата има 7,2 милиони следбеници на својот Инстаграм профил, под корисничкото име „@franciscus“. Па затоа беше речиси невозможно некој од верниците да не го забележи официјалното име на профилот на папата на Инстаграм меѓу оние на кои им се допаднале фотографиите на бразилската манекенка.

Уживајќи ја оваа ненадејна планетарна популарност, Наталија се пошегувала: „Барем ќе одам во рајот“.

Instagram
Instagram

Како и да е, многу мали се шансите дека Папата управува со својот Инстаграм профил, што значи дека најверојатно станува збор за несреќен случај. Ватикан наскоро ќе мора да воведе менаџер за социјални мрежи, по скандалот со бразилската манекенка.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....