17:58 - 31 март, 2026

Забава што ќе се памети на роденденот на Елена од „Сител“, еве што се случуваше

Елена Стојановска- Јанковска, водителката од ТВ Сител имаше јака забава за нејзиниот роденден викендов, а еве што се случи.

Убавата Елена ги собрала сите свои најблиски во ресторан, сестра ѝ, сопругот, пријателките, семејството. А таа облечена во црвен мини фустан ги дувнала свеќите скокајќи во ритам на песната „Прекрасен живот“.

Елена со сестра ѝ Фото/ Инстаграм

Многумина ѝ честитаа роденден на Инстаграм стори на Елена, а меѓу нив била и Драгана Клопчевска, која е поранешна Мис на Македонија.

Елена, верувале или не наполни 45 години кои никој не би ѝ ги дал, зашто изгледа како девојче, поради малдоликоста и позитивниот дух. Иако ретко се слика со сопругот Огнен, и тој е на една од сликите на оваа забава.

Елена со сопругот Огнен Фото/ Инстаграм

Од лани, таа почна да оди на часови по балет, нешто што посакувала да го прави од дете.

Заедно со членовите на балетското студио, таа сега ја одигра нејзината завршна претстава „Тајната на кукларот“ на сцената на Националната опера и балет.

Елена со Драгана Клопчевска Фото/ Инстаграм

Слични објави

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо
Се вчитува....