-0.2 C
Скопје
01:13 - 19 декември, 2024

ЗА ВАШЕТО СЕМЕЈСТВО ДА БИДЕ СРЕЌНО И ЗДРАВО: Елката мора да стои на ова место во куќата!

божик

Не е тајна дека периодот пред Нова Година и Божик за многумина е навистина стресно време. Украсување на домот, бирање подароци за најблиските, подготовка за гости…

Затоа, користете ги докажаните методи на фенг шуи. Фенг шуи е начин за создавање мирна и хармонична енергија. Овие совети за внатрешно уредување ќе ја намалат напнатоста и ќе ви помогнат да уживате во овој празничен период од годината.

РИТУАЛ ЗА СРЕЌА, МИР И БЛАГОСОСТОЈБА: Направете го тоа на крајот на годината и избркајте го злото од себе

Правилен избор на бои за декорација

Во постудените месеци со помош на предмети и бои можете да внесеме огнена енергија во вашата средина. Елементот на оган се состои од свеќи, доколку имате услови за вистинско огниште, жолти новогодишни светилки за елката, златни и огнено-црвени новогодишни украси.

Покрај црвената, за топла енергија добар избор е и виолетовата боја. Но, имајте го на ум главниот принцип на фенг шуи, а тоа е рамнотежа. Не претерувајте со црвено, премногу огнени украсни елементи во домот поттикнуваат развој на синдром на исцрпеност, па дури и емоционални испади.

Заморот што многумина го чувствуваат за време и по Божикните празници често е предизвикан од неурамнотежената енергија на огнот во домовите. Затоа, не заборавајте да вклучите и поладни бои во вашата празнична средина, како што е смирувачката светло сина боја, која ја активира енергијата на водата. Енергијата можете да ја ублажите и со сребрена и сива и мирна бела боја – бои кои го поттикнуваат елементот на метал.

(ВИДЕО) БОЖИЌНА ПЛЕЈЛИСТА: Разбијте ја музичката монотонија со овие модерни песни

Совршено место за новогодишната елка

Според фенг шуи, украсувањето на новогодишната елка припаѓа на елементот дрво, па затоа поставете ја на простор што е во склад со дрвениот елемент. Ќе постигнете корисен енергетски биланс со следнава положба на елката:

Исток – за привлекување здравје и семејна среќа

Југоисток – за пари и изобилство

Југ – за деловен успех и слава

ЗА НЕГО: Како да го одберете совршениот новогодишен подарок?

Сезона на свеќи

Постојат многу начини да се постигне свежа, чиста и хранлива домашна енергија, а употребата на свеќи е меѓу најлесните и најпопуларните методи.

Свеќите, особено ако се направени од природни материјали, како што се масло од соја или пчелин восок, ќе ја прочистат енергијата во секој простор. Освен што чистат, свеќите даваат топлина и сјај на собата. Имаат ефект и на балансирање на емоционалната нерамнотежа и отстранување на грижите.

Упатства за најдобра употреба на свеќи:

Југ, југозапад, североисток и центар на куќата – место за големи свеќи или групација на свеќи со различни големини.

Запад, северозапад, исток, југоисток и север од куќата – место за мали свеќи

Свеќите инаку се идеални во спалната соба, бањата, трпезариската маса и дневната соба. Различно дизајнираните украсни свеќници во најразлични бои дополнително ќе ве расположат и ќе го украсат вашиот дом.

СУЕВЕРИЕ: Среќна храна што треба да ја јадете на 1 јануари за да уживате во изобилие!

Растенија кои го „лечат“ домот

Украсете ги вашите соби со неколку високо енергични зелени растенија, од кои барем едно го прочистува воздухот со своите својства. Ваквите растенија се секогаш многу корисни бидејќи делуваат смирувачки и лековито за целиот дом.

Високи, големи, силни, бујни и здрави зелени растенија треба да се постават во источните, југоисточните и јужните области на вашиот дом. Овие делови се добри и за групирање на растенија од различни видови.

Можете да поставите мали растенија насекаде, но најдобро е да изберете место со многу активности, како дневна соба.

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ НА НОВОГОДИШНАТА НОЌ? Ако го направите овој симболичен гест ќе ве чека голема среќа!

Избор на подароци

Отстранете ги следниве подароци од списокот со подароци:

Остри предмети – Никогаш не дарувајте ножеви, ножици, отворачи за шишиња итн. бидејќи тие претставуваат пресекување на односите.

Празни паричници и чанти – Ако подарувате паричници и чанти, ставете пари во нив што ја симболизираат афирмативната порака за богатство за примачот на подарокот.

Растенија и цвеќиња со трње – Кактусите и другите шилести растенија не се добри подароци, а избегнувајте да подарувате рози со трње бидејќи тие означуваат распад на врската. Ако од љубовниот партнер добивате рози, тргнете ги трњето за да овозможите врска без никакви проблеми.

Бонсаи и слични минијатурни растенија – При изборот на подароци, прескокнете ги растенијата на кои можат да им се забави растот со намерни техники. Наместо тоа, одлучете се за бујни и здрави растенија со заоблени листови кои симболизираат просперитет и здрав живот.

Часовници – Предметите што го покажуваат времето или го симболизираат неговото течење се лоши подароци бидејќи претставуваат врска со ограничен животен век или чувство на крадење време од другите.

Марамче – Не давајте платнени марамчиња бидејќи тие означуваат бришење солзи и го повикуваат примачот да плаче или да се разболи во иднина.

Овие совети ќе ви помогнат не само да уживате во пријатен ентериер, туку и да ги прославите празниците во вистинска хармонија и да зачекорите во новата година одморени и зајакнати.

Извор: stil.rs

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо
Се вчитува....