16:33 - 31 март, 2026

Врската на Меган и Хари се распаѓа? Полусестрата на војвотката од Сасекс открива детали

Саманта Маркл, полусестрата на Меган Маркл, изнесува нови детали за војводите од Сасекс. Во интервју за ГБ Њуз, Саманта тврди дека „неодамнешното однесување на Меган и Хари сугерира дека тие се на пат кон раздлба“.

И покрај тоа што немала никаков контакт со војвотката од 2014 година, Саманта тврди дека „видела знаци“ дека Меган „е скарана“ со Хари.

Таа понатаму во интервјуто шпекулираше дека неодамнешното повторно појавување на Меган во очите на јавноста можеби е оркестрирано за да се усогласи со крунисувањето на кралот Чарлс III.

Саманта нагласи дека двојката треба да размисли како се однесуваат кон сите околу себе, не само за минатото, туку и за во иднина, доколку воопшто останат заедно и дека „потребна им е стручна психолошка помош доколку сакаат да си го сочуваат бракот“.

Во меѓувреме, оваа недела во Вестминстерската опатија ќе се одржува историскиот настан на крунисувањето на кралот Чарлс III. Најавено е дека принцот Хари на крунисувањето ќе присуствува сам, а дека Меган нема да може да присуствува на настанот поради четвртиот роденден на нејзиниот син Арчи, што се совпаѓа со датумот на крунисувањето.

Слични објави

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.
Се вчитува....