09:42 - 11 април, 2026

ВОЗЕЛА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА И БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА: Кејти Прајс итно хоспитализирана

кејти прајс

Британската старлета Кејти Прајс, на која веќе некое време ѝ било забрането да вози автомобил, моментално се наоѓа во болница по несреќата која ѝ се случила во понеделникот, на 27 септември, пренесува „The Sun“.

Полицијата ја лишила од слобода 43-годишната ријалити ѕвезда на лице место за наводно возење под дејство на алкохол, а сега ѝ се заканува затворска казна.

Кејти веќе имала забрана за возење, и требало повторно да ја добие возачката дозвола дури на 13 октомври оваа година.

Полицијата соопшти дека реагирала по пријава за судир на едно возило во вторникот, на 28 септември, околу 6.20 часот.

„43-годишна жена е уапсена под сомнение дека возела со над дозволената граница за алкохол и дрога, и била пренесена во болница на соодветен преглед“, гласело соопштението од полицијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie Price (@katieprice)

Лекарите потврдиле дека биле повикани на судир во раните утрински часови и однеле едно лице во болница.

Несреќата се случила само неколку часа откако таа зборувала за потешкотиите да го посети својот син Харви, бидејќи не можела да вози.

Повеќе фотографии од несреќата можете да видите овде.

Слични објави

(Видео) Сѐ како од бајка! Драгана Мирковиќ воодушеви со велигденската декорација во својот дворец

Еспресо

Хороскоп за 11 април: Лавовите ќе уживаат во романтичните нежности, Близнаците ќе добијат прекрасен комплимент

Еспресо

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.
Се вчитува....