05:28 - 23 октомври, 2026

НЕОПХОДНИ, НО ШТО АКО ГИ КОНЗУМИРАМЕ ПРЕМНОГУ: Митови и вистини за зелениот зеленчук

девојка салата

Кога некој е на диета или се обидува да јаде здраво, зелениот зеленчук е една од првите намирници што сте вклучуваат во мени. Тие се богати со хранливи материи и се нискокалорични, па затоа се чини дека салатите се најдобар избор. Но, дали е тоа вистина?

Придобивките од зелениот зеленчук се неспорни, нивното вклучување во редовната исхрана е неопходно, но што ако ги конзумираме премногу?

салата

Понекогаш, во желбата да бидеме што е можно поздрави, не обрнуваме внимание на балансот на внесот на храна. Грешките се тие кои на крај ги плаќаме со лоши резултати. Д-р Алка Вијајан сподели некои митови и објаснувања.

Лесно за желудник

Зелениот лиснат зеленчук е полн со влакна, кои се одлични за нашето здравје, во ограничени количини. Сепак, во големи количини може да го преоптовари нашиот метаболизам.

салата

Помага во хидрирање на телото

Високите количини на влакна, исто така, можат да поттикнат сувост на телото, што доведува до надуеност, болки во стомакот, па дури и болки во зглобовите.

Салатата е најдобриот оброк за вечера

Вашата вечера треба да биде најлесниот оброк во денот. Салатите го оптоваруваат дигестивниот систем бидејќи се конзумираат сурови. Најдобро би било да ги избегнувате за последниот дневен оброк или да јадете многу мала количина со некоја друга храна што доминира во тој оброк.

салата

Богатството со влакна помага за здравјето на вашата кожа и коса

Ова е вистина, но повторно ако сте умерени. Прекумерното внесување на зелен листаст зеленчук доведува до сушење на скалпот, истенчување на косата, па дури и губење.

Го подобрува варењето

Салатите првично ќе ви помогнат да изгубите тежина, но ако претерувате секојдневно, на долг рок истите може да предизвикаат проблеми со запек.

Слични објави

(Фото) Наташа Беквалац во бело од глава до пети – позираше во корсет со необичен крој и панталони што ја издолжуваат силуетата

Еспресо

Се огласи Весна Змијанац по тајната венчавка на Николија и Реља – пејачката беше преплавена од емоции

Еспресо

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova

(Видео) Карлеуша уловена како се бакнува со 25 години помладиот Александар!

Еспресо
Се вчитува....