31.8 C
Скопје
14:58 - 8 јули, 2026

(ФОТО) ПРИКАЗНА ОД СКОПЈЕ КОЈА ЌЕ ВЕ РАЗНЕЖНИ: Мистер, зашто е со манири и Клауд зашто личи на пуфкаст бел облак

Активистката Маја Поповска цели 12 години се занимава со спасување, лекување и вдомување на улични мачки, од 2014 година го раководи нејзиното здружение „Енџелкетс санктуари“ (Angelcats Sanctuary) со седиште во сопствениот дом, каде што секојдневно престојуваат меѓу дваесет и триесет мачки, а понекогаш, на одредено време и по некое куче.

Маја Поповска

Овојпат оваа спасителка на хендикепирани животни ни ја раскажува приказната за Мистер Клауд. 

Не знам како му било името претходно. Само знам дека некогаш бил нечиј миленик. Што му се случило за да заврши на улица, можам само да претпоставам – се родил како мало пуфкасто снежно топче, некој скапо го платил, го чувал… и по некоја година, мачорот ете го на улица, исушен од глад, истоштен, со отпаднато крзно, се крие под автомобили, збунет, исплашен и никако не може да се снајде за храна…

Го забележа една активистка како исплашено ѕирка од под автомобил додека таа ги храни уличните мачки во нејзиното соседство. Очи полни страв, недоверба, очи полни мака и солзи… Реков, однеси го на ветеринар, да видиме во која состојба е, па ке се обидам да го доведам во ред и да му најдам дом.

И така бидна. Ветеринарот му ги направи сите тестови, крвни слики. Се покажа дека е ФИВ позитивен – тоа многу често им се случува на некастрираните мачори кои се борат за женки. Плус, забележавме и дијабола во телото – некому му било интересно да пука во него со воздушна пушка…

фото приватна архива

фото приватна архива

Веднаш беше кастриран.  Дијаболата отстранета. Го земав дома по оперрација. Личеше на искубано стуткано чергиче за кое можеше само да се претпостави дека било бело порано. Седеше во посебна соба, зашто беше очигледно дека му треба мир и мора да се чувствува безбедно.

Малку по малку му го средив крзното, а и тој одлично соработуваше – редовно и упорно се чистеше самиот, додека не светна и се направи како бело облаче. Така го доби името. Мистер, зашто е со манири и Клауд зашто личи на пуфкаст бел облак.

И така тој си ги помина пролетва и летово кај мене, си се сончаше на тераса, си јадеше убаво, си спиеше во кревет, по малку и си играше, се додека еден ден не ми пишаа – Мистер Клауд има дом! Јеееееее! И покрај неговата состојба која ќе го следи до крај на неговиот живот (ФИВ), некој нему сака да му даде конечно љубов и дом каков што секому му треба.

Од средината на септември 2021 Мистер Клауд има свој конечен дом, негово сопствено царство каде што ужива.

А, да не заборавам – Англичанец е сега тој.

ФОТО ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

„Малер си да се родиш овде“: Искра Канзурова со уште една лута објава

Еспресо

(Фото) Амра и Един Џеко уживаат во семеен одмор – најсаканата босанска двојка откри каде ги полни батериите по Светското

apostolova

Крај на тригодишниот судски процес: Северина ослободена од обвиненијата за наметливо однесување

Еспресо

Се огласи ријалити-ѕвездата што врескала и кршела чаши во кафуле — Лаура откри што мисли за ситуацијата

Еспресо

(Фото) Ксенија Николова доживеа незгода во домот: „Цел тоалет поплавен, чекаме водоводџија, ѕидовите мокри, хаос“

Еспресо

(Фото) Даниел Кајмакоски и сопругата Марина се опуштаат покрај море: „Праќаме љубов“

Еспресо
Се вчитува....