15.8 C
Скопје
22:32 - 23 мај, 2026

ВНИМАВАЈТЕ НА ОВИЕ ДЕТАЛИ ПРИ КИТЕЊЕ НА НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА: Сериозни предупредувања за претпазливост за време на празничната сезона

За момент, замислете идилична празнична сцена како од најубавата бајка. Веруваме дека додека замислувавте ви се прикажа убава новогодишна елка покрај камин со запален оган. Во реалноста, да се стави дрво покрај силен извор на топлина и оган не е најпаметна идеја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NIKKOLE (@nikkole.music)


Експертите препорачуваат елката – без разлика дали е вештачка или „жива“ елка – да биде оддалечена најмалку еден метар од какви било греалки, шпорети, радијатори и камини. Колку подолго дрвото е во просторијата и блиску до силен извор на топлина, толку е поголема шансата да предизвика пожар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ᕮᗰSᕮᒪᗷᗩᗰS (@emselbams)


Палењето на вештачко дрво носи и ризик од ширење на опасни соединенија како резултат на согорување на пластика и други материјали, затоа не ставајте го покрај запалени свеќи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Buddha (@buddhathefrenchbullie)


Божиќните светилки што се користат при украсувањето често се неисправни, а запалените новогодишни украси и украсните свеќи често се оставени без надзор во близина на елката. Со тоа новогодишната елка може повторно да биде предизвикувач на пожар.

Брзо се суши и потребни се само 30 секунди за да изгори и да го фати околниот мебел, па затоа не треба да се става во близина на извор на топлина или да се користат прскалки на елката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Magdalena K. (@fizjomeg_happywife)


Пред да ја украсите новогодишната елка, пронајдете го совршеното место за украсување. Избегнувајте да го ставате дрвото до завесите или директно на прозорецот. Ова не само што ќе го спречи редовното проветрување на домот, кое е исклучително важно во зимските месеци, туку и ќе го намалите продирањето на природна светлина во останатиот дел од станбениот простор.

Истражувањата покажаа дека недостатокот на природна светлина во зимските месеци може значително да влијае на расположението на поединецот и да предизвика летаргија, нарушена концентрација, нарушувања на спиењето и слични заболувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zuzia❄️ (@zuzia.podolska)


Иако многумина сонуваат за монументални дрвја кои достигнуваат сè до таванот на домот, подобро е да купите малку помало дрво. Идеално би било да имате барем половина метар слободен простор помеѓу таванот и врвот на дрвото.

Слични објави

Џејла Рамовиќ за концертот на Јаков Јозиновиќ и видеото што стана вирално: „Заљубено го гледав 10 пати“

Т.Ц.

Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ имаат недвижност во Грција: Нема да верувате колку платиле за апартманот

Еспресо

„Да ни е жива песната македонска“: Фолк Фест Валандово 2026 со посебен омаж за Никола Бадев

Т.Ц.

Смртта на младата мисица го потресе светот: Постојат сомнежи дека била убиена поради мираз – сопругот е во бегство

Т.Ц.

(Видео) Едита Арадиновиќ покажа како тренира: Дига тегови во шестиот месец од бременоста

Т.Ц.

(Фото) Александра Пријовиќ со децата на пазар: Фотографијата ги разнежни обожавателите

Еспресо
Се вчитува....