15.8 C
Скопје
20:15 - 19 октомври, 2026

(Видео) Угол гол во када: Лазар Ристовски има што да покаже

Глумецот Лазар Ристовски објави на Инстаграм сцена од прочуениот филм „Така се калеше челикот“ од далечната 1988 година, а во сцената тој е сосема гол во када.

Со инсертот кој глумецот го објави, тој додаде и за кој филм станува збор, и дека режисер на филмот е Желимир Жилник. Со него во сцената е Лилјана Благојевиќ која му носи ручек додека тој се бања во кадата.

Лазар не ја наведе причината за оваа објава, а неговата спомната колешка еднаш крена бура во јавноста кога на социјалните мрежи ја спомна неговата 39 години помлада избраничка Аница, за која истакна дека не е актерка, иако Лазар ја форсира во улога на актерка.

Аница по професија е психолог, но со Лазар Ристовски соработуваше во серијата „Дрим тим“, со која ја започна својата актерска кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lazar Ristovski (@lazar.ristovski)

Кога минатата година беше откриено дека Лазар и Аница се во врска, на социјалната мрежа Твитер на пишувањето дека новата избраничка на Лазар е глумица, реагираше Лилјана Благојевиќ. Таа под заедничката фотографија на Аница Лазиќ и Лазар Ристовски остави коментар: „Не е глумица. Глумата ѝ е хоби“.

Овој коментар предизвика дополнителна бура кога станува збор за овој необичен пар со голема разлика во годините. Лилјана Благојевиќ дополнително појасни:

„Не мислев ништо лошо. Само напишав дека не завршила Факултет за драмски уметности. Не сакав никого да повредам, особено не малдо суштество. Само помислив на тоа дека завршила друг факултет и дека не е глумица – рече Лилјана тогаш за српските медиуми, пренесува српски Блиц.

 

Слични објави

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо
Се вчитува....