01:21 - 3 ноември, 2026

(Видео) Тамара, Маријана и Росана, повторно заедно го отпеаја нивниот макфестовски хит од 1991 година

Тамара Тодевска објави емотивно видео со Маријана и Росана и ги наврати љубителите на нивната музика 35 години во минатото. Станува збор за архивска снимка од нејзиниот прв јавен настап на фестивалот „Макфест“ во 1991 година, каде што запеа на сцената со тогашните најголеми ѕвезди, изведувајќи го хитот „Љубов“.

Денес, три и пол децении подоцна, Тамара повторно застана рамо до рамо со познатите сестри и заедно го испеаја рефренот кој го трасираше нејзиниот музички пат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

„25 години љубов кон музиката и публиката“

Покрај емотивното видео, Тамара испрати и лична порака до сите што ја следат нејзината кариера низ годините:

„Сè започна на ’Макфест‘ во 1991 година, со моите Маријана и Росана и песната ’Љубов‘. Повторно ја запеавме заедно и се потсетивме од каде започна сè. Љубовта кон музиката и кон публиката е она што ме движеше напред изминативе 25 години“.

Спектакл во „Т-Арена“ на 7 декември

Ова видео е воедно и потсетник за нејзиниот голем јубилеен концерт кој ќе се одржи на 7 декември во „Т-Арена“, под мотото „25 години љубов“.

На концертот публиката за првпат ќе има можност во живо да ги слушне песните од нејзиниот нов албум „Кукла жива“, но и да ги пее сите најголеми хитови кои ја одбележаа нејзината кариера.

 

 

Слични објави

Болна исповед на Дарко Лазиќ по смртта на брат му Драган: „Половина од мојот живот си однесе со себе“

Еспресо

Коста ќе добие вистинско богатство за 18. роденден: Дара Бубамара ја подготвува прославата, дала огромни пари за подарокот

Еспресо

Неда Украден се прости од Мишо Ковач со потресни зборови: Ова засекогаш ќе го памети

Еспресо

Хрватска го оплакува Мишо Ковач, знамињата на половина копје

Еспресо

Војаж стана татко, доби дете со мистериозната свршеница

Еспресо

(Видео) Дани Ѓуровска и сопругот Денис ја воодушевија публиката со романтичен танц на концертот на Сергеј Четковиќ

К.С.
Се вчитува....