13:59 - 24 ноември, 2026

„Немам јас 11 години да ми наредуваш“: Жесток судир меѓу Карлеуша и Зорица Брунцлик во „Пинкови ѕвезди“

Новата сезона на музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“ уште во првата епизода донеси вистински естраден хаос и жешка атмосфера меѓу членовите на жирито. Покрај честите конфликти помеѓу Десингерица, Вики Миљковиќ и Драган Стојковиќ Босанац, најголемо внимание привлече  судир меѓу Јелена Карлеуша и Зорица Брунцлиќ.

Како што се гледа во најавното видео кое веќе се шири по социјалните мрежи, тензијата ескалираше кога Јелена стана од своето столче и замина до Десингерицa додека Зорица и искоментира:

„Јелена, многу си невоспитана и некултурна!“, викна Зорица, на што Карлеуша веднаш жестоко ѝ возврати: „Немам јас 11 години за да ми наредуваш“.

Сепак, атмосферата во студиото брзо се смири откако Јелена реши да ја спушти топката и на шармантен начин да ја ублажи ситуацијата. Таа почна да ползи на сите четири за да помине покрај Зорица без да ѝ го загрози просторот, по што во шега доби удар по задникот, најавувајќи турбулентна сезона исполнета со неочекувани пресврти.

Слични објави

(Видео) Таско искрено за загубата на првото бебе: „Сфатив дека имам личност којашто стварно ќе биде бетон до мене“

К.С.

„Бев малолетна“: Наташа Беквалац откри на колку години го имала првиот интимен однос

Е.А.

(Фото) Маја Гроздановска-Панчева изгледа неверојатно на 53 години — пејачката се појави во елегантно издание на настап во Скопје

К.С.

Рецепт за француски колач со јаболка и ванила – неодоливо сочен десерт со мирис на есен

К.С.

Дневен хороскоп за 24 ноември: Добрата организација ќе ви помогне да избегнете непотребна нервоза

apostolova

„Не сакаше да излезе од куќата, па морав јас да ја напуштам“: Ќерката на Дино Дворник за болниот развод со Британецот

Еспресо
Се вчитува....