13:41 - 24 ноември, 2026

(Фото) „Братот“ на Карлеуша минува низ најтешкиот период, се огласи скршен од болка: Почина татко ми!

Зоран Бирташевиќ, најблискиот соработник на српската поп-пејачка Јелена Карлеуша, минува низ тежок период, а на социјалните мрежи се збогуваше со својот татко кој починал.

Скршениот Зоран ја објави тажната вест преку социјалната мрежа Инстаграм, каде што објави и фотографија од својот покоен татко.

„Братот“ на Јелена, како што го нарекува таа, моментално минува низ болен период, а покрај фотографијата од својот татко напишал:

– Тато. 1960-2026 – напишал Зоран и објавил емотикон со бел гулаб.

Единствениот соработник на Јелена, кој повеќе од десет години ѝ е десна рака во сè, од кариера до приватни работи, е нејзиниот менаџер, продуцент и ПР Зоран Бирташевиќ.

Двајцата работеа заедно на еден куп проекти, вклучувајќи го и долгоочекуваниот и најавуван нов албум на Карлеуша. Обожавателите кои долго време ги следат Јелена и Зоран можеа да видат многу фотографии и видеа од заеднички турнеи, прослави и патувања.

– Малкумина од нас имаат среќа да запознаат пријател за цел живот, пријател кој се жртвува и се бори за нас како татко, брат… Пријател во добро, а најмногу во лошо. Имав среќа, запознав човек кој стана мој најголем столб, поддршка, другар и брат – напиша Јелена минатата година на својот Инстаграм, зборувајќи за Бирташевиќ.

– Човекот кој стана мој најверен соработник во оваа земја каде што доживувам само пречки, недоразбирање, напади и медиумски линч. Никој не се бореше за мене, освен мајка ми и тетка ми, како Зоки.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zoran Birtašević (@zoranbirtasevic)

Слични објави

(Видео) Таско искрено за загубата на првото бебе: „Сфатив дека имам личност којашто стварно ќе биде бетон до мене“

К.С.

„Бев малолетна“: Наташа Беквалац откри на колку години го имала првиот интимен однос

Е.А.

(Фото) Маја Гроздановска-Панчева изгледа неверојатно на 53 години — пејачката се појави во елегантно издание на настап во Скопје

К.С.

Рецепт за француски колач со јаболка и ванила – неодоливо сочен десерт со мирис на есен

К.С.

Дневен хороскоп за 24 ноември: Добрата организација ќе ви помогне да избегнете непотребна нервоза

apostolova

„Не сакаше да излезе од куќата, па морав јас да ја напуштам“: Ќерката на Дино Дворник за болниот развод со Британецот

Еспресо
Се вчитува....