-4.2 C
Скопје
06:47 - 19 февруари, 2026

(ВИДЕО) СИНОТ НА АКИ РАХИМОВСКИ СПОДЕЛИ ТРОГАТЕЛНО ВИДЕО: „Сакајте ги и љубете ги вашите родители, без разлика на сѐ“

Тагата по вечното заминување на легендарниот фронтмен на „Парни Ваљак“ е сѐ уште присутна кај сите оние кои го почитуваа неговиот лик и дело. Помина речиси месец по смртта на Аки Рахимовски, а денес синот Кристијан се потсети на татка си.

СИ ЗАМИНА АКИ РАХИМОВСКИ, МАКЕДОНСКО-ХРВАТСКИ ПЕЈАЧ: За малку нежност, можам да заспијам!

Денес Кристијан Кики Рахимовски(40) на својот инстаграм-профил сподели еден емотивен момент со својот татко Аки, во видео снимено во семејната куќа.

„Сакајте ги и љубете ги вашите родители, без разлика на сѐ. Тато и јас, само љубов и ништо повеќе“,

напиша Кики во описот на видеото, на кое може да се види еден драгоцен момент меѓу таткото и синот.

ВО ВЕЧНОТО ПОЧИВАЛИШТЕ: Аки Рахимовски оставил тестамент да биде погребан како муслиман

Неодамна Кики гостуваше во емисијата „Бекстејџ“ каде зборуваше за односот со својот татко.

„Тато и јас немавме класичен татко-син однос поради концертите. Пред 20 години почнав да свирам, тој свиреше… Немавме класичен однос, на пример не се слушавме секој ден…. На почетокот ми беше многу тешко да разберам, уште во времето на Југославија, да го гледаш својот татко на телевизија… Татко ми не доаѓаше дома, многу свираше. Но, откако почнав да се занимавам со музика, почнав да ги правам истите грешки како татко ми. Тато и јас немавме класичен татко-син однос. Сфаќаш дека не е така лесно“, раскажа тој за нивната врска и додаде дека многу го сака својот татко.

СИНОТ НА АКИ РАХИМОВСКИ СО ТАГА „Си бевме повеќе со песната отколку со зборовите, луѓето знаеја сè за нас, а само ние знаевме…“

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....