9.8 C
Скопје
21:19 - 25 април, 2024

СИНОТ НА АКИ РАХИМОВСКИ СО ТАГА „Си бевме повеќе со песната отколку со зборовите, луѓето знаеја сè за нас, а само ние знаевме…“

Ноќта пред неговата смрт, Аки му рекол на својот син Кристијан да се „чува себеси и своите, бидејќи короната лудува…“. Синот пак, не ни претпоставувал дека тоа е нивниот последен разговор. Со сопругата и ќерката отишол на излет од каде не се вратил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Parni Valjak (@parnivaljak)

За Аки Рахимовски тагува целиот Балкан. Посебен глас со посебна енергија, различен од другите, а сепак толку едноставен. Кога во саботата попладне низ целиот регион одекна веста за ненадејната смрт на фронтменот на „Парни Ваљак“, чиј член беше 47 години, како сè да застана за миг .

Прво – шок и неверување, а потоа неизмерна тага. Гласот на Аки почна да одекнува од радио и ТВ станиците ширум регионот.

Иако неодамна ја прележа короната и имаше направено шест стентови во срцето, музичарот речиси секогаш во јавноста се појавуваше насмеан, секогаш подготвен да се пошегува, не оставајќи впечаток кдека е голема музичка ѕвезда чии песни ги слушаат сите генерации.

Погреб во Алејата на Великаните во Загреб – постои иницијатива

Со големо внимание се следат сите нови информации за последното збогување на Аки Рахимовски. Иако последните години од животот ги помина во Словенија, во Ново Место, каде што живееше со партнерката и двегодишната ќерка, од музичката сцена се дознава дека погребот на пејачот ќе биде во Загреб.

Постои иницијатива за погребување во Алејата на великаните во загрепско Мирогој, каде почиваат многумина кои со својот лик и дело ја задолжиле Хрватска, како композиторот Рајко Дујмиќ, актерката Ена Беговиќ, кошаркарот Дражен Петровиќ.

„Се гледаме тато еден ден…“

Ноќта пред да ги затворил очите засекогаш, Аки му порачал на синот Кристијан Кики Рахимовски (кој е исто така пејач), „да се грижи за себе и за неговото семејство, и да внимава на здравјето бидејќи короната лудува“.

Кристијан не можел ни да замисли дека тоа е нивниот последен разговор. Следниот ден Аки со партнерката и ќерката заминале на патување во близина на Ново Место, од кое никогаш не се вратил. Ненадејно му се слошило, а и покрај итната интервенција, лекарите не го вратиле во живот.

Се претпоставува дека неговото срце застанало, но вистинската причина ќе се знае по завршувањето на обдукцијата. Ден по смртта на неговиот татко, Кики Рахимовски собра сили и напиша трогателна порака на Инстаграм посветена на својот сакан татко.

– Тато, прерано ме остави. Премногу прерано. Луѓето велат дека Господ така сакал… Си бевме повеќе со песната отколку со зборовите, не знаеше на друг начин, не знаеше како во главата да се симнеш од таа сцена, па ти приоѓав единствено со песна. А можевме многу повеќе, татче мое. Ме болиш неописливо. Утеха ми е што ќе те имам барем со дел од тебе во моите песни како и во оние што ми го остави. Но, тоа сега не ми е доволно…

Луѓето знаеја се за нас, а ништо не знаеа…Знаевме ти и јас..Ми недостигаш тато, на сите ни недостигаш. Татче мој, сега одмори се, па рокај горе со екипата. Луѓе мои, ви благодарам на сите во име на целото семејство Рахимовски, за зборовите на поддршка, на сите пораки, повици. И вам ви значеше зашто беше голем, како и Оли, недопирлив. Тато мој ми рече пред неколку дена: Синко, и јас тебе те сакам, ајде бегат таму и се гледаме. Се гледаме тато еден ден…Те сакам – напиша Кики.

Слични објави

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо

Сеќавање на Велибор Џаровски-Џаро: „Животот е едно големо зезање“

еспресо
Се вчитува....