22:43 - 29 ноември, 2026

(Видео) Што сака Јована Јеремиќ за подарок: Чини над 100 000 евра

Јована Јеремиќ е позната како некој што секогаш го кажува своето мислење без влакна на јазикот, особено кога се во прашање актуелните случувања на домашната јавна сцена, но и машко-женските односи.

Таа неодамна во ексклузивното интервју за српскиот портал Мондо зборуваше за разводите на јавната сцена, но и ги истакна своите критериуми. Потоа на жените им подели строги и јасни совети за успешна врска со мажите, а малку подоцна пред камерите на Мондо откри што има на нејзиниот список со материјални желби.

„Што да се подари на жена каква што си ти?“, ја прашале новинарите.

„Ох, и јас тоа размислував… Порше! Порше Макан! Морам да кажам што сакам овде, бидејќи добивам сè. Црно, односно мислам црвено, лакирано црвено Ферари или сепак црно. Не знам, се двоумам, но можеби кожата внатре да биде драп, онака моќно ми е. Не знам, тоа ми е супер, само морам уште малку да совладам возење, з да не го почешам. Куку мене”, таа рече.

„Колку чини еден ретровизор за Порше?!“, праша таа, а потоа продолжи:

„Па, ете роденденот ми доаѓа на 25 октомври, кој сака нека се испружи, јас пари… Нема да кажам дека немам, секогаш ги имам, ама не сакам. Автомобилот треба да го добијам на подарок“, рече таа.

 

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....