22:30 - 7 ноември, 2026

(Фото+видео) На нозете само подвески, под палтото проѕирен градник, тетоважата на бутот ѕирна 

Српската пејачка Анѓела Игњатовиќ, попозната како Бресквица, предизвикала хаос кога на настапот дошла во модна комбинација што ги поместува границите. Таа ја воодушевила публиката не само со својот добар глас, туку и со својот храбар стајлинг што вклучувал подвески и предизвикувачка долна облека.

Бресквица на настапот дошла многу смела, па позирала во чорапите со подвески преку кои немала ништо. Високите потпетици дополнително ги истакнувале нејзините извајани нозе, а детаљот под фусанот-палто направил метеж.

Пејачката носела чипкана долна облека, а додека позирала и испраќала бакнежи, ѝ ѕирнала и тетоважата на бутот. Ова била вистинска модна провокација којашто само најсмелите се одлучуваат да ја носат.

Во текот на настапот, покрај публиката, биле присутни и нејзиното најблиско семејство – мајката, таткото и братот. Додека родителите ја следеле и ја снимаа својата ќерка, брат ѝ се приближил до сцената и ѝ подал букет црвени рози. Видливо среќна и горда, Бресквица му се заблагодарила на својот брат за гестот.

Видеата можете да ги погледнете – ТУКА.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....