18:18 - 7 ноември, 2026

(Видео) Лука скришно го чува календарот на кој сум гола: Тамара Тодевска откри непозната приказна

Тамара Тодевска се сети што се случило кога се сликала гола за календар на позната фирма и за насловна страна на дневен весник.

-Во моментот кога дојдов на сет,  и треба да се појавам гола, решавам да ставам иксчиња бели на пупките од градите, демек тоа да изгледа посуптилно“, рече поп-пејачката во подкастот на Сергеј Варошлија.

И доаѓаме сега на сет и Чедо Поповски ме гледа и вели: „Брат, дај бе жити се, тие иксовите извади ги те молам“.„Дали си нормален“, му велам, „па целата гола ќе сум. Па што – откри Тамара. Потоа, Сергеј Варошлија ѝ рече дека нејзиниот партнер Лука го чува календарот на скришно место на работа.

Фото / Инстаграм

-Замисли, замисли дека тој го има календарот, човече- рече Тамара. На прашањето дали на некои слики е сосема гола, Тамара одговара со „да“, а потоа Сергеј ја праша како реагираат нејзините блиски, особено татко ѝ Велко и мајка ѝ Брана.

-Велко беше веќе ишлифуван што се вели на оваа тема, Тијана го проби мразот. Се сеќавам во тој момент Велко ми се јави и ми вели: „Сине, јас ќе тргнам од Драчево, а ти иди од Ѓорче, во секоја трафика, купи ги сите, сите изданија на „Вест“, така што тоа му беше на некој начин огнено крштевање на Велко и на мајка ми која секогаш ме поддржуваше во сите мои луди идеи“, рече Тамара во подкастот „Урок“.

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....