04:28 - 8 ноември, 2026

(Видео) Кејт Мидлтон и принцот Вилијам на прво патување низ земјата со новите титули

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам го реализираат своето прво патување низ земјата откако ги добија новите титули принц и принцеза од Велс.

Нивното патување започна токму од Велс: таму го посетија островот Англеси, каде што изнајмија куќа на самиот почеток на нивниот заеднички живот. Таму ги поминаа и првите месеци од животот на нивниот најстар син, принцот Џорџ. За време на нивната посета на островот, Кејт и Вилијам разговараа со локалното население.

Така, принцот и принцезата од Велс разговарале и со четиригодишно момче, кое мајка му го донела да ги поздрави членовите на кралското семејство со цел „да ја искористи можноста што се случува еднаш во животот“. Момчето ѝ подари на Кејт Мидлтон букет цвеќе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Middleton (@katemiddleton.id)

Потоа парот ќе го продолжи патувањето низ Северен Велс, по што ќе заминат во Свонси.

Во Холихед ќе посетат ќе се сретнат со волонтери, а во Свонси ќе ја посетат црквата Свети Томас, која се претвори во центар на заедницата каде на луѓето им се помага во тешки животни ситуации.

Откако принцот Вилијам и Кејт Мидлтон беа прогласени за принц и принцеза од Велс од страна на кралот Чарлс III на 9 септември, тие ветија дека ќе го посетат Велс во нивната прва можност да ја „продлабочат довербата и почитта кон нивниот народ“. Сега двојката ќе мора почесто да го посетува Велс со новите титули: нивното следно патување се очекува да се случи пред Божиќ.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон добија нови титули по смртта на кралицата Елизабета Втора, кога таткото на Вилијам, Чарлс III стана монарх. Принцот Вилијам е втор по ред за наследник на тронот.

Интересно е што многу Британци побараа укинување на титулата принц од Велс: петицијата собра повеќе од 35.000 потписи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Middleton (@katemiddleton.id)

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....