16.8 C
Скопје
03:37 - 9 септември, 2026

(Видео) Ентони Хопкинс слави 47 трезни години: Јас сум излечен алкохоличар 

Instagram

Легендарниот глумеџ Ентони Хопкинс прослави 47 трезни години. За оваа прилика сними кратко видео во кое сподели неколку свои размислувања за алкохолизмот, но и за животот воопшто.

– Само сакам на сите да им ја честитам Новата година и да кажам дека денеска ја славам мојата 47-ма трезна година. Ова е порака која не е тешка, но се надевам дека ќе биде корисна. Јас сум излечен алкохоличар и знам дека има луѓе кои се борат. Во оваа доба на откажување, омраза, без компромис, деца кои се малтретирани, велам: „Бидете добри со себе. Бидете љубезни. Држете се подалеку од токсични луѓе. Живејте го својот живот. Бидете горди на својот живот“ – порачува Хопкинс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anthony Hopkins (@anthonyhopkins)

Глумецот се присети колку бил очаен пред речиси пет децении, пред да се отрезни. Вели дека тогаш „веројатно немал долго да живее“, но дека еден ден конечно признал дека нешто не е во ред.

– Не сфатив дека тоа е некаква состојба – ментална, физичка, емоционална состојба наречена алкохолизам или зависност. Не сум експерт за дроги – не сум експерт за ништо. Не знам ништо. Освен што најдов живот во кој никој не ме малтретира – рече актерот.

 

Слични објави

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.
Се вчитува....