03:39 - 8 ноември, 2026

(Видео) Бритни Спирс пак танцува со ножеви: Ни полицијата не може да ја спречи

Полиција отишла во домот на пејачката по видеото споделено на Инстагран на кое се гледаат исеченици од нож на нејзиното тело, пренесува ТМЗ.

Извор бизок до полицијата за ТМЗ пренесува дека добиле повик во средата од неколку фанови и соседи на Бритни, со голема загриженост за 41-годишната пејачка и нејзиниот опасен танц со ножеви.

Одделот на шерифот на округот Вентура соопшти дека тие веќе биле запознаени со видеото и решиле да го посетат домот на пејачката поради превенција од можна незгода и од претпазливост.

Бритни била дома кога пристигнале полицајците и тие разговарале со неа. Полицајците заминале откако се увериле дека пејачката е добро.

Потсетуваме дека пред неколку дена 41-годишната Бритни Спирс сподели со своите следбеници на Инстаграм видео на кое таа танцува со кујнски ножеви за сечење месо. Веќе во следното видео, таа повторно танцуваше но носеше завој на раката, а имаше и видливи повреди на нозете.

Сепак, очигледно дека Бритни не ја „ферма“ ни полицијата ни загриженоста на нејзините фанови. Само пред неколку часа таа на својот Инстаграм профил објави нов танц со ножеви.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria River Red (@britneyspears)

Во објавата Бритни тврди дека ножевите со кои танцува не се вистински и предупредува дека „никој не треба да е грижи и да повикува полиција“.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....