8.8 C
Скопје
16:55 - 18 февруари, 2026

(ВИДЕО) Бенд од Харков настапува во живо од засолниште: Не се откажуваме, ќе се бориме и немаме намера да се предадеме

Бендот „Selo i Ludy“ од Харков, вториот по големина град во Украина кој беше под силно гранатирање, споделува секојдневни настапи во живо од нивното засолниште, за да си помогнат еден на друг да го одржат моралот, но и да и помогнат на својата земја и на сите жртви на руската инвазија.

Во прилог за Би-Би-Си, фронтменот на бендот Алекс ја раскажа својата приказна, која започна со сцена од место каде што војната за него добила уште поголема димензија.

Тој ја покажа локацијата на неговата куќа која неодамна била разнесена од бран експлозии, а тој и неговите колеги сега се кријат во нивното студио во подрумот, кое е претворено во засолниште што го делат со други луѓе.

„Имаме подрум од 160 метри квадратни, кој стана засолниште за еден куп луѓе. Мило ми е што успеавме да им пружиме уточиште“, рече тој.

„Тука се моите пријатели, едно дете и неговата баба, и мислам дека ќе дојдат и други“, вели Алекс.

Преку бројните коментари, бендот добива поддршка од цел свет.

Алекс покажа и од каде ги пренесуваат настапите, а во видеото вели дека ако успеат да набават бензин, ќе прават молотови коктели.

„Како што веројатно сте слушнале на вестите, нашиот град се соочува со силно бомбардирање и уништување во последните денови. Речиси сите поминавме низ фази на негирање на она што се случува, но по целиот овој ужас сме доволно свесни да не ја потцениме опасноста од целата ситуација“, рече тој.

Алекс исто така призна дека се труди да остане силен во овие тешки моменти.

„Не се откажуваме. Ќе се бориме и немаме намера да се предадеме. Уморни сме да живееме под постојан терор. Слава на Украина и нашите херои“, заклучи Алекс.

Слични објави

(Фото) Романтично дежа ву: Парис Хилтон повторно запросена од сопругот, овојпат пред нивните деца на плажа во Туркс и Кајкос

Еспресо

Конфликт на „Пинкови ѕвезди“: Бојана Лазиќ го прекина шоуто по остриот настап на Десингерица

Еспресо

Познатиот српски јутјубер уапсен по несреќата: Пијан предизвикал судир! Се огласи неговиот адвокат

Еспресо

(Фото) Жените полудуваа по него, а сега има 170 килограми: Дали се сеќавате на Ервин од „Големиот брат“?

Еспресо

Откако брутално го претепаа син ѝ, Снежана Ѓуришиќ го откажа учеството на концертот посветен на Шабан Шаулиќ

Еспресо

(Фото+видео) Проѕирно и горе и долу: Рада Манојловиќ носела проѕирен фустан, а само гаќи под него

Еспресо
Се вчитува....