23.8 C
Скопје
19:07 - 29 април, 2024

РАЗГОВОР СО КАТЕРИНА ШЕХТАНСКА: Родена сум во погрешна држава! Поради децата сè уште се борам за просперитет и правда во ова труло општество!

Со една од нашите најубави актерки Катерина Шехтанска разговараме за балетот, филмот, театарот, убавината и уште нешто. Ни открива дека да не била актерка и балерина ќе била адвокатка, поради карактерот и борбеноста, но ни открива и зошто смета дека е родена во погрешна држава.

Требаше да го чекам Милчо Манчевски на 4 години како преодна влада за да снимам, фото – приватна архива

Како падна одлуката да се занимаваш со актерство?

– Како дете израснато во театар не се ни очекуваше од мене дека ќе станам нешто друго. Почетоците ми се во балетска сала која тогаш беше во склоп на МНТ сегашно МОБ, наместо во градинка не ретко завршував во балетска сала и некако природно се навлеков на балетот и поради моите природни предиспозиции и потоа школувањето беше природно да го завршам на факултетот за драмски уметности како ќерка на глумец која постојано беше на сцена и пред камери.

Која ти беше омилена актерка како девојче, а која денес?

– Како девојче во мое време беа актуелни Џулија Робертс, Џенифер Лопез, Камерон Дијаз…, таа една генерација на убави актерки кои може не ги гледавме многу уметнички туку по изглед, а сега немам некој фаворит, но сепак различно гледам на уметничката вредност и актерските достигнувања сега за разлика од порано, и има навистина добри и квалитетни актерски имиња како што се Мишел Фајфер, Глен Клоуз, Натали Портман, Џулијан Мур и многу други.

Филм или театар?

– Искрено отсекогаш ме влечел повеќе филмот и камерата, може затоа што сцената ми беше веќе усвоена од мојата 9 година. Кога се запишував на ФДУ сакав филмска кадетра, ама па кај нас едни филмови што се снимаа тоа време! Требаше да го чекам Милчо Манчевски на 4 години како преодна влада за да снимам (се смее,н.з). Иако морам да кажам како балерина и актер, и двете професии ги сакам подеднакво и двете ме исполнуваат. Накратко си ја обожувам професијата иако сметам дека дека сум во погрешна држава за ваква професија како мојата.

Театарска претстава која посебно влијаела на тебе?

– Растев во театар, гледав се што беше на репертоар и драмски и балетски. Иако од својата 9 година почнав и јас и преку балетот, ама и актерски веќе да учествувам. Се изнагледав класици, битови драми, гостувања кога имаше од други театри ама искрено сите буквално сите ги имам гледано со воодушевување затоа што тогаш тетараот беше неспоредливо поквалитетен со репертоар од сега. Не потценувам и сега, ама тогаш како дете можеби ме воодушевувале поинакви работи за разлика од сега и сум имала друга перцепција за работите околу мене.

Телевизиски проект кој ти е посебно драг?

– Ако се мисли на мои проекти, тогаш тоа би бил ангажман кој го имав како водителка во МТВ, Неделно поладне, иако имав повеќе водителски проекти, потоа сите ТВ Постери, така се викаа, со „Ребис“ што ги имав, разно-разни снимања…а за друг немам некој конкретно, иако на времето имаше многу повеќе и тоа квалитетни проекти .

Имав идеја и цел балетот и глумата да ги поврзам, но не ми успеа зашто во погрешна држава сум родена. Затоа што овде не ми беше дозволено од факултетот, од одредени личности, да продолжам да играм балет и воедно да студирам глума. Фото – приватна архива

Имаш уште една љубов, балетот. Кажи ни нешто повеќе за тоа.

– Балетот бил, е и секогаш ќе биде моја прва и последна љубов. Започнав од својата 9 година и потоа си продолжив со целосно балестко образование во ДМБУЦ Илија Николовски -Луј, каде како балерина учествував  во многу балетски престави и бев – нескромно да кажам- ама доста успешна, потоа се надоврза и „Ребис“ со современ балет каде се пронајдов исто така, но пред се сум класичарка. Тоа што имав идеја и цел овие две професии сродни да ги поврзам не ми успеа, пак ќе кажам, во погрешна држава сум родена, затоа што овде не ми беше дозволено од факултетот, од одредени личности, да продолжам да играм балет и воедно да студирам на глума. Болна тема и непреболена во секој случај.

Са не бев актерка и балерина ке бев адвокат и верувам дека поради карактерот и борбеноста ќе бев доста ангажирана, фото – приватна архива

Која е Катерина приватно?

– Може не би требало јас самата да си говорам за себе затоа што сум брутално искрена и самокритична, ама еве накратко. Реализрана, можеби не во целост, доволно за да немам фрустрации, мајка на две деца Филип (17) и Клеоника (13), професинална, без влакна на јазик, темпераментна, сакам квалитетно и максимално исполнет ден, посветена максимално сум на децата – дури и претерувам (се смее,н.з) и желна сум за работа. Ја сакам професијата, сакам да ја работам и сакам постојано да имам ангажмани, затоа што да не бев актерка и балерина ке бев дефинитивно адвокат и верувам дека поради карактерот и борбеноста ќе бев доста ангажирана.

Што те мотивира, инспирира?

– За жал повеќе ништо. Сега само децата ми се приоритет и поради нив се борам се уште во ова труло општество за просперитет и правда, и тие ме мотивираат и инспирираат да продолжам да се борам за подобро утре. Ме мотивира најчесто добра работа, тоа е исто двигател за ментално здравје и уште поголема мотивација за нешто добро да направиш.

Што ти го бои секојдневието?

– Секојдневието моментално ми е сведено на синхронизација, нова емисија за српска тв, малку болна легнав и сега морам да се вратам во форма физички…по некој кастинг за филм и секојдневни домашни обврски. Се на се ништо посебно (се смее,н.з).

Тајната на убавината?

– Нема тајна, нема убавина (се смее,н.з). Единствено нешто што цел живот сум го правела било вежбањето кое нагло престанав да го практикувам и многу ми се одрази на целокупниот изглед. Сега морам итно да се вратам на тоа и мислам дека со физичка активност и добра исхрана, помалку стрес нема потреба од никакви тајни за убавина, и телото и умот и ќе ви бидат благодарни.

Слични објави

(Фото) Македонката Татјана Јанушева блесна на престижна модна ревија во Франција

Еспресо

Синот на Цеца ја расплака нацијата: Вељко Ражнатовиќ се откажа од паричната награда, еве за кого одат 5000 долари

Еспресо

Јелена Карлеуша призна дека не верува во помирување со Душко: Ситуацијата е очајна многу долго, никогаш нема да биде како порано…

Еспресо

Марија Шерифовиќ за проширување на семејството: Еве дали ќе има и второ дете

еспресо

(Видео+фото) Цифрата значително скокнала! На осмиот ден од одењето пешки за Грција Никола Роквиќ објави колку пари се собрани

Еспресо

(Видео) „Ви благодарам што сте дел од мојот живот!“: Каролина го прослави роденденот со сопругот и најблиските

Еспресо
Се вчитува....