20:55 - 7 ноември, 2026

(Видео) Ана Ивановиќ ги запали мрежите со „изданието на Вимблдон“: Кога не е во бикини, е во фустан

Ана Ивановиќ не сакала да го пропушти овогодинешниот Вимблдон, а со своите следбеници го споделила и стајлингот посветен специјално на овој турнир.

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ многу често привлекува внимание кон себе со објавите на социјалните мрежи, а кога се појавува на некој од големите тениски турнири, секогаш ги воодушевува своите следбеници. Уште по разводот од поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер, Ана стана поактивна на Инстаграм, на општа радост на сите што ја сакаат.

Во нејзините објави доминираат оние за патување, а има и внимателно одбрани модни изданија, како последното што го избрала за Вимблдон.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)


„Бидејќи деталите го создаваат целиот изглед. Инспирирано од Вимблдон“, напишала поранешната најдобра тенисерка во светот.

За оваа пригода, Ана избрала бело здолниште со шлиц, кое го комбинирала со бела кошула. Пораката на оваа боја е јасна, со оглед на тоа што станува збор за „белиот спорт“ и сите тенисери на овој турнир мора да го почитуваат тоа.

За да ја разбие монотонијата, убавата Србинка се одлучила за впечатливи зелени сандали на врзување, а зелениот ѓердан го дал последниот збор.

Ана Ивановиќ уште еднаш покажа дека, освен спортот, многу добро плива и во модата, што го потврдуваат и сите пофални реакции под нејзините фотографии.

 

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....