12.8 C
Скопје
09:14 - 29 септември, 2026

(Видео) 26 години по неговата смрт: Тупак доби ѕвезда на Булеварот на славните

Тупак Амару Шакур, роден како Лезан Париш Крукс познат по неговите уметничи имиња Тупак (или едноставно Пак) и Mакавели беше американски рапер. Тупак има продадено над 75 милиони албуми насекаде низ светот, што го направи еден од најпродаваните музички артисти во светот. Само во САД тој има продадено над 37.5 милиони албуми. Магазинот  „Ролинг Стоунс    го именува за 86-ти најдобар артист на сите времиња.

Легендарниот рапер доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд,по 26 години откако беше убиен во пукање од заседа.

На церемонијата му била оддадена чест на уметникот кој почина на 25-годишна возраст, кој стана една од највлијателните фигури во хип-хопот.

– Да стојам овде (и) да го претставувам семејството Шакур ми го исполнува срцето со чест, рече сестрата на Тупак, Секива „Сет“ Шакур на откривањето на ѕвездата во Лос Анџелес.

– Тупак длабоко во себе знаеше дека секогаш е наменет за нешто големо. И како негова помлада сестра, имав привилегија да гледам како се создава таа величина, додала таа.

Познат по своите емотивно интензивни стихови и природно сценско присуство, Шакур продаде повеќе од 75 милиони плочи со хитови како „California Love“ и „Change“.

Тупак, исто така, стана клучна фигура во ривалството меѓу американскиот источен брег и хип-хопот на западниот брег, што исто така беше поттикнато од промоторите.

Иако е роден во Њујорк, Тупак како тинејџер се преселил со семејството во Калифорнија. Тој стана една од најпрепознатливите фигури на западниот брег пред да биде застрелан во септември 1996 година во Лас Вегас.

Околностите за неговата смрт се уште се нејасни.

Слични објави

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо

Дневен хороскоп за 29 септември: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

(Видео) Теа Таировиќ го освојува светот: Хитот „Балканија“ одекна во познатата италијанска кошаркарска арена

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ во фустан од 500 евра ги остави сите без здив!

Еспресо

По раскинувањето, Ана Николиќ и Рале се смирија, а се појавија и детали за нивниот договор

Еспресо

„Селски приказни, јас сум машинерија“: Дара Бубамара откри што мислат за неа родителите на нејзиното помладо момче 

Еспресо
Се вчитува....