10.8 C
Скопје
22:58 - 3 април, 2026

Весна Бејби со ќерката Мина замина од Македонија: Во еден убав град…

Весна Бејби Петрушевска со својата ќерка Мина си замина од Македонија, и рече дека е во еден убав град.

Актерката не откри каде отишла, но според сликите е на убаво место со ќерка си, и со своите миленици. Весна претходно на стори на Инстаграм сподели дека возела 460 километри а на рамо цело време ѝ биле милениците. „Љубов најголема“, напиша таа кусо за својата ќерка.

Фото/ Инстаграм

-Како вчера да беше кога тоа мало муце со две долни запчиња и со едно опавче на сред глава плачеше наоколу при нашата прва средба. Малечка, кревка, дури четири килограми на 9 месеци.

Мина одамна е херојот на мојот живот, таа нејзина отвореност, искреност и чесност ме зграпчува. Мина се радува на најмали нешта, на пладневно гушкање, на нагалено Минувче, на луѓето се радува.

Фото/ Инстаграм

Во ниту еден момент не ја напушта нејзината верба кон луѓето. Мина има срце како планина и душа како памук“, рече во една прилика Весна за Мина.

Фото/ Инстаграм

Мина лани во ноември поминала 15 дена на апарати во болница во Дубаи каде што работеше, откако изгубила свест и ѝ дијагностицирале белодробна емоболија или белодробен инфаркт. Петрушевска рече дека 15 дена ќерка ѝ била ни на небо ни на земја.

 

Слични објави

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо
Се вчитува....